8 квалитети и маани на најстарите деца во семејството

Ако некогаш ја имате таа среќа да се заљубите во најстарото дете во семејството или едноставно вие сте родени први, подгответе се за откривање на најголемите и најискрени маани и квалитети.

8-kvaliteti-i-maani-na-najstarite-deca-vo-semejstvoto-01.jpg

Некои квалитети ќе се обидат да ги истакнат, а некои маани да ги сокријат. Во секој случај, овие 8 работи најстарите деца никогаш нема да ги премолчат:

1. „Сакаме да шефуваме“

Повеќето деца кои се родени први се научени да шефуваат и обожаваат кога на своите помали браќа и сестри им досадуваат со тоа што и како треба да се направи. Ова функционира неколку години, додека братчињата и сестрите не пораснат. Сепак, желбата за водство останува.


2. „Посебни сме“

По некое непишано правило, родителите им го посветуваат целото внимание на првите деца. Секоја шанса и можност им е отворена, секое барање дозволено, за разлика од помалите кои треба да се изборат за она што го сакаат. Токму затоа, до крајот на животот најстарите деца сметаат дека се едноставно посебни.


3. „Најдобро се сложуваме со најмладиот член во семејството“

Без исклучок, најголема љубов и слабост им се најмалите браќа и сестри. Веројатно тие сакаат авторитет и имаат потреба од поддршка, додека најстарите обожаваат да им ги овозможуваат овие две работи.

8-kvaliteti-i-maani-na-najstarite-deca-vo-semejstvoto-02.jpg

4. „Имаме потреба од одобрување и пофалби“

Веројатно затоа што родителите го следат секој чекор на првото дете, секое „браво“ преминува во навика. Резултатот од ова е потребата од пофалба и одобрување до крајот на животот, кога и да направат нешто добро и позитивно.


5. „Секогаш сме над максимумот“

Сакаат кога добиваат пофалби, што значи обожаваат кога ќе го надминат рекордот. Тоа е нивната зависност, и однапред им се извинуваат на помладите кога се работи за натпревар. Едноставно, научени се да одат над максимумот.


6. „Сакаме да превземаме иницијатива“

Едноставно, тоа е начинот на кој функционираат. Ако нешто треба да биде завршено - го завршуваат. Евентуално задачата ја предаваат на колегите или помладите браќа и сестри да го завршат за нив, но со однапред одредени услови и краен рок.

8-kvaliteti-i-maani-na-najstarite-deca-vo-semejstvoto-03.jpg

7. „Знаеме да го организираме и најхаотичното друштво“

После толку години слушање како родителите ги договараат сите собири, патувања, ручеци, ова можат да го направат со затворени очи. Всушност, ова е нивниот најголем квалитет кој буквално вреди да им стои во CV-то.


8. „Не сакаме да ги делиме работите“

Сериозно, никој не сака да ги дели работите кои се негови, посебно не откако помалата сестра или помалиот брат веќе 20 години краде шминки, облека, компјутерски игри... Не ги допирајте нивните работи без прашање и дозвола!

Нешто да додадете?

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg