Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


15 знаци дека вашето момче ќе биде одличен татко

Не треба да сте подготвени за деца за да ве интересира каков татко ќе биде, доволно е да си ја замислувате заедничката иднина.

15-znaci-deka-vaseto-momce-ke-bide-odlicen-tatko-01.jpg

Без многу прашања и дискусии кои можеби ќе го преплашат, постојат и поедноставни начини на кои ќе откриете дали тој ќе биде грижлив татко на вашите деца.

Доволно е да го пронајдете барем во половина од овие знаци:

1. Обрнува внимание на ситниците - обожава да подготвува појадок и кафе, се сеќава на роденденот на вашата мајка, се заблагодарува за малата услуга која ја направивте...

2. Си ја дипли облеката без никаков проблем или помош.

3. Толку си го сака миленикот, што некогаш му се случува да му зборува со чуден, бебешки глас.

4. Дури и во кавгите останува доследен до своите манири.

5. Не го фрустрира промената на планот. Лесно се прилагодува и секоја криза може да ја претвори во хумор.

6. Ви остава доволно време и простор да се видите со пријателите, роднините и колегите. Што значи, утре нема да има проблем да го почува детето кога ќе сакате да излезете на кратко.

7. По природа е наставник. Едноставно, добро му оди и до сега ве има научено неколку вештини, спортови, трикови...

15-znaci-deka-vaseto-momce-ke-bide-odlicen-tatko-02.jpg

8. Знае да готви. И знае како да готви здраво.

9. Знае како да се справи со изливите на бес и лутина.

10. Добро се снаоѓа со вашите и неговите внуци.

11. Знае како да испланира викенд, патување, ручек или било каков собир без да ве праша за инструкции.

12. Добро се снаоѓа и работи дури и кога е под притисок.

13. Знае како да ви ги излечи лошите мамурлаци и настинки.

14. Тешко се згрозува од некои работи кои за жените се типични. На пример, неколку влакна од коса на чешелот.

15. Се фали дека е богат со време, не со пари. На децата ќе им биде неопходно неговото присуство, а не најновата играчка.

15-znaci-deka-vaseto-momce-ke-bide-odlicen-tatko-03.jpg

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Првото дете го родив на 42, а второто на 44 години – ме осудуваат, но не жалам што сум постара мајк... „Тоа што сум постара мајка ме направи подобар родител. Со сопругот имаме финанси...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg