Една мајка открива: 5 Работи кои ме изненадија после породувањето
Една мајка одлучила да го сподели своето искуство и да ги објасни промените кои најмногу ја изненадиле од мигот кога таа станала родител.
Иако мислела дека ги имала сите информации околу тоа што носи мајчинството, сепак Моли Трифин била изненадена од промените кои се случиле во нејзиниот живот.
За некои работи таа мислела дека нема да биде способна да ги прави, а истите станале дел од нејзиното секојдневие.
1. „Не сум толку гадлива колку што мислев”
Две години пред породувањето не ни можев да замислам секојдневно некому да го бришам носот или да му менувам пелена. Сепак, сега овие непријатности ги правам секојдневно, но не ги доживувам толку негативно.
2. „Се заљубив на прв поглед”
Кога бев трудна, луѓето ми зборуваа дека откако ќе се породам своето дете ќе го сакам повеќе од себеси. Иако не верував дека тоа е возможно баш на тој начин, бидејќи не се сметав себе за стандарден тип на жена која менува пелени и готви, откако првпат го прегрнав мојот син тврдам дека почувствував посебна љубов во истиот миг.
3. „После породувањето изгледав како да сум во 6тиот месец од бременоста”
Тоа е навистина непријатно за секоја жена. Затоа не грижете се, бидејќи со текот на време вашето тело ќе се врати во нормала, секако доколку обрнувате доволно внимание.
4. „Доењето е една од најтешките работи кои сум ги направила”
Иако доењето звучи како природен и едноставен процес, сепак знае да биде напорно. Освен менталниот стрес, доењето исцрпува и физички.
5. „Немав претстава колку прегратката знае да биде убава”
Прегратката со своето бебе не може да се спореди со ниту една друга. Тоа е единствен пат кога некому се предавате безусловно и е навистина совршено чувство.