Зошто не сакам мајка ми да ми биде пријателка на Фејсбук?

Те сакам, навистина, но мора да те избришам од моите пријатели на Фејсбук. Не е ништо лично, јас сè уште сакам да ти бидам и пријателка и ќерка, но не сакам да се познаваме на социјалните мрежи. Зошто? Не ме сфаќај погрешно, но ти си надвор од контрола.

draga-mamo-ova-se-18-raboti-koi-sakam-da-gi-razberes-za-facebook-01

Може да бидеме пријателки во реалниот живот, но не мора да зборуваш со мене на Фејсбук. Малку е чудно тоа што го пишуваш.

Знам дека сакаш да бидеш во тек со сè и сите промени што доаѓаат со времето, но треба да прифатиш дека не можеш да бидеш исто со денешните генерации.

Има некои работи кои треба да ги разбереш за Фејсбук:

1. Не смееш цело време да пишуваш со големи букви

Знаеш ли што значи ако постојано пишуваш со големи букви? Тоа е викање. Мислам дека доволно викаш низ дома, не мора и на Фејсбук.


2. Не се пишуваат секому исти коментари

Тоа што ги познаваш некои мои пријатели, не значи да им ги прегледуваш сите фотографии и да им оставаш коментари дека се убави, на фотографија каде се тотално смешни или безобразни. Само правиш дополнително да им биде непријатно.


3. Тоа што те имам на Фејсбук значи предупредување за моите пријатели

Благодарение на тебе, сега моите пријатели се воздржуваат од објави на мојот профил, бидејќи чувствуваат како да ги гледаш.


4. Не секој со кој сум сликана значи дека ми е момче

Престани да ми оставаш коментари дека сме слатки, кога можеби не сме ни пријатели, можеби случајно сме се запознале, не мора да го исплашиш уште пред да помисли на нешто друго.


5. Просторот за статус на Фејсбук не е полето за пребарување на Гугл

Тоа што тебе те интересира околу здравјето или вестите кои ги слушаш, не значи дека сите на Фејсбук ги интересира. Те молам контролирај се.


6. Не пишувај с
è јавно

 Ако нешто не ти се допаѓа кај мене, пиши ми во порака, наместо да коментираш, на пример, „пушењето е лошо“ .


7. Не коментирај секаде исто

Тоа што на секоја фотографија ми пишуваш дека сум убава, не прави да се чувствувам поубаво, туку ме засрамува.

Иако тебе сум ти ќерка, на некои фотографии сум ужасна или смешна.

draga-mamo-ova-se-18-raboti-koi-sakam-da-gi-razberes-za-facebook-1.jpg

8. Ако некои луѓе ти лајкнуваат некои работи, не значи дека ги сакаат

На Фејсбук секој лајкнува сè. Тоа не значи дека веднаш треба да им пишуваш пораки за благодарност на сите луѓе или да се зближуваш со нив.


9. Не е кул да сретнеш некој од Фејсбук и да му кажеш дека си му го гледала профилот

Тоа воопшто не е добро и делува манијакално. Луѓето може да се почувствуваат крајно непријатно и чудно.


10. Не може да си правиш селфи на 40 години

Освен ако не изгледаш како Џеј Ло, не го прави тоа.


11. Не им станувај пријателка на сите симпатии кои ти ги покажувам

Така може само да уништиш сè.


12. За твоите испади во менопауза не мора да знае цел Фејсбук

Навистина, луѓето таму нема да ти ги решат личните проблеми, ако ти е тешко искажи се во живо, дома, со пријателките или напиши си во тефтер. Не на Фејсбук.


13. Престани да ги објавуваш т.н. „кромид“ вести, како да се вистински

Тоа изгледа толку глупаво и срамно, што возрасна жена поверувала во тотална измислица.


14. Престани да веруваш дека со лајк испраќаш пари на деца во Нигерија

Знам дека ти е жал, но размисли, дали тебе ти стигнуваат пари од тоа што некој ти ја лајкнал профилната фотографија.


15. Научи да пишуваш правилно

Срамота е возрасна жена со завршено образование да не знае правилно да пишува на сопствениот јазик. Ако е така, подобро воопшто не почнувај да пишуваш.

draga-mamo-ova-se-18-raboti-koi-sakam-da-gi-razberes-za-facebook-2.jpg


Што би ги советувале вашите мајки за Фејсбук?

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„На роденденот на ќерка ми дојдоа само 2 деца, а се најавија 10 – Родители, бидете поодговорни“ „Десет родители ни кажаа дека нивните деца ќе дојдат и бидејќи бевме во игротека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg