Насмеано, дебело и слатко: Ова бебе нема ни година, а веќе тежи 20 килограми
Хуанита Валентина Хернандез е 10-месечно бебе од Колумбија кое го запрепасти светот со својата тежина од дури 20 килограми.
Тоа би требало да биде тежина на некое 5-годишно дете, а таа би требала да има максимум 8-10 килограми.
Нејзината мајка е очајна поради изгледот на малечкото бебе кое почнува сè повеќе да загрижува.
Родена е како многу мало и слабо бебе, а само за 10 месеци целата ситуација е променета.
Како причина мајката ја наведува лошата финансиска состојба, поради која не можела да ѝ посвети доволно внимание и грижа.
Но, една хуманитарна организација одлучила да ѝ помогне и да ја однесе на преглед кај доктор кој се занимава со детското дебелеење, прави испитувања и третмани за регулирање на состојбата и им помага да се вратат во нормала.
Но, и покрај ваквата состојба и изглед, Хуанита е среќно, расположено и насмеано дете кое не може да не го сакате.
Погледнете дел од нејзините фотографии: