Што открива името на детето за неговите родители?

На ниту еден нов родител не му е лесно да одбере име за бебето, затоа што е свесен дека тоа е белег кој ќе го носи цел живот.

sto-otkriva-imeto-na-deteto-za-negovite-roditeli-01.jpg

Оваа голема одлука го открива родителот од многу аспекти, токму поради тоа што треба да одбере само едно од големата понуда која ја има.

Според тоа какво име одбрал родителот, ова се неговите карактеристики:

Имиња на познати личности

Трендот кој владее со години воопшто не е забавен. Да му дадете име на детето според моменталната најпопуларна ТВ ѕвезда, старлета или омилениот цртан лик? Дефинитивно делува незрело за еден родител. Претежно на овој чекор се решаваат младите и неподготвени родители кои не размислуваат многу за иднината на детето.


Традиционални имиња

Обично открива конзервативни родители. Не им пречи да го крстат своето дете по бабата или дедото, напротив, горди се на тоа. Сепак, понекогаш е убаво да се сетиме на оние старите имиња, во купот од секојдневни и веќе здодевни имиња и нивни варијации.


Оригинални имиња

Како и кај имињата на познатите личности, не треба да одите во крајност. Оригиналноста на детето се развива низ животот, не со ваков белег. Ексцентричните родители кои сакаат нивното дете да биде над сите најчесто ќе се одлучат за овој чекор.


Унисекс имиња

Не се реткост и најчесто се среќаваат кај децата на успешни родители. Нивната богата кариера често пати ги тера да се борат против „машкиот“ или „женскиот“ свет, заради што размислуваат поинаку.

sto-otkriva-imeto-na-deteto-za-negovite-roditeli-02.jpg

Кратки имиња

Тука спаѓаат кратенки од „вистинските“ имиња, но често пати звучат симпатично. Модерните родители кои своите деца решиле да ги крстат Ана, Ива или Ема дефинитивно се едноставни и неоптоварени со значењето на името.


Семејни имиња

Овие родители обично се сентиментални и носталгични. Ако сте се одлучиле вашето дете да го крстите по некој роднина, задолжително треба да имате добра приказна која ќе му ја раскажете кога ќе порасне.


Патриотски имиња

Ниту еден родител нема да му даде на своето дете вакво име без конкретна причина. Овие родители најчесто се горди на својата култура и традиција, врзани за својата земја и сметаат дека наследувањето на името е најважното во животот. Тие ќе се потрудат сите да дознаат кои се и од каде потекнуваат.

Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg