Како модерната мајка подготвува колачиња?

Овој модерен рецепт за колачиња пред сè има цел да ве насмее, но ако сте сопруга и мајка, веројатно ќе се пронајдете.

recept-za-kolaci-koj-sekoja-moderna-majka-go-probala-01.jpg

Како модерната мајка подготвува колачиња?

- Вклучи ја рерната.

- Тргни ги сите ситници од масата, лего коцките, празните амбалажи од бонбони, валканите чаши...

- Подготви ги сите состојки и садови за рецептот.

- Исчисти ги оревите, измери го брашното и шеќерот.

- Земи јајце, но во меѓувреме додај му пиво на мажот.

- Врати се, избркај ги децата од кујна и избриши го скршеното јајце од подот.

- Земи ново јајце и подготви еден сад во кој ќе го заматиш.

- Јави се на телефон, повторно избркај ги децата од кујна, исчисти ја скршената чаша и избриши го подот.

- Пробај да направиш тесто за колачи.

- Земи рум.

- Кажи му на мажот да ти го врати румот кој го зема последен пат, ако уште го има.

- Избркај ги децата од кујна, а позади нив зачисти ако направиле уште нешто во меѓувреме.

- Намачкај го плехот со путер.

- Подготви му на мажот сендвич.

- Врати се во кујна, избркај ја мачката која штотуку го изеде половина тесто, јави му се на ветеринарот...

- Земи некое апче за смирување.

- Добро пребриши ја целата кујна.

- Оди во слаткарница.

- Купи колачи!

Споделете го рецептот, не знаете колку од вашите пријателки ќе се пронајдат...

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Мајка од Велика Британија се жали: „Не е до децата, туку е до товарот да се излезе на крај со сите о... „Не е до децата... До притисокот да се одржи домаќинството е. Да се пронајде бал...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg