10 бесмислени работи кои секоја мајка му ги кажува на своето дете
Кога сте мајка, ќе измислите 101 бесмислена реченица, само за вашето дете да ве послуша.
Тому затоа, мајката блогерка Кристина Антус ги издвоила 10-те најсмешни реченици кои некогаш ги изговорила, а верува дека и секоја останата мајка ќе се пронајде.
Колку пати до сега сте кажале...
1. Ако не ги облечеш чевлите, ќе одам без тебе.
Сериозно, каде ќе тргнете без детето? Ќе го оставите во супермаркет, во парк, само дома?
2. Сакаш да те плеснам?
Ова со себе си повлекува уште едно прашање – колку од децата навистина би одговориле „да мамо, сакам?!“
3. Ако не ги средиш играчките, одиш право во кревет.
Да, во 11 часот наутро сигурно ќе го вратите детето во кревет...
4. Ако не престанеш со тоа, ја вртам колата и се враќаме дома!
Одењето на лекар, во банка или градинка може да почека и неколку дена додека детето ја разбере суштината... Сигурни сте?
5. Имаш 30 секунди да ги средиш сите играчки или ги фрлам во ѓубре!
Навистина? 30 секунди? Ѓубре?
6. Ако не го изедеш ова, веќе никогаш нема да добиеш вечера.
Свесни сте дека ова нема никаква смисла.
7. Бројам до три! Ако не престанеш, мисли му ја.
За што да мисли? Ако подобро размислите, и вие не го знаете крајот на овој услов.
8. Ако не почнеш да ме слушаш, ќе престанам да ти зборувам...
Му рече мајката на своето дете кое и понатаму не ја слуша, се шегува Кристина.
9. Пробуваш да ме изнервираш?
Од кога дечињата се мали лошковци кои со план прават нешто?
10. Ако не престанеш да си играш со храната, ќе ја тргнам од маса.
Голема е веројатноста дека детето кое си игра со храна не е гладно. Што значи, ако ја тргнете храната од масата – му правите голема услуга.