Неодоливи реакции: Кога децата се воздржуваат да не го изедат колачето (видео)

Можете ли да замислите како изгледа едно мало дете пред кое стои омиленото колаче, а не смее да го изеде?

neodolivi-reakcii-koga-decata-se-vozdrzuvaat-da-ne-go-izedat-kolaceto-video-01

Тоа веројатно би му било тешко и на возрасен човек, но се смета дека има поголема самоконтрола.

Затоа, направено е едно истражување со помош на реално тестирање, за да се види колку од децата можат да се воздржат да не го изедат и како реагираат додека го гледаат.

Поставен им е предизвик, да седат сами во соба, без надзор од родителите, никој не ги гледа и пред нив има поставено едн колаче, кое ако во следните 15 минути не го изедат, ќе добијат 2 колачиња, ако го изедат, не добиваат друго.

Нивните реакции се толку неодоливи, што дури би посакале да им дадете уште 10 колачиња за слатката мака што ја имаат.

neodolivi-reakcii-koga-decata-se-vozdrzuvaat-da-ne-go-izedat-kolaceto-video-1

Според резултатите на крајот, донесени се неколку заклучоци:

За децата кои веднаш го јадат колачето се смета дека се брзоплети и темпераментни, кои се задоволуваат и со малку.

Децата кои го јадат по некое време се смета дека лесно се премислуваат и брзо се откажуваат од работите во животот.

Додека децата кои успеваат да издржат до крајот се сметаат за деца со силна волја, упорност и подобри резултати на сите полиња.

Со оглед на тоа што поголем е бројот на децата кои издржуваат до крај, може да се заклучи дека добриот предизвик и наградата од двојно повеќе колачаиња е доволна мотивација заради која децата се подготвени да ги издржат „најтешките“ 15 минути.

Видео кое мора да го погледнете:

Како би постапиле вие? Ќе одолеете, или ќе го изедете веднаш? :-)

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Мајка стана мета на критики: „Моите деца минуваат и 10 часа дневно пред екран – како да имаме беспла... Мајка од Англија се соочи со критики, откако откри дека им дозволува на децата д...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
„Наплаќам за да се грижам за внуците – заработив 25.000 евра, но ќерка ми мисли дека сум себична“ „На 65 години, веќе заморно е да се грижам за седум внуци. А, овде се и финансис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg