Бебињата имаат различни гримаси и видови на плачење: Откријте што сакаат да ви кажат

Иако се многу мали и не знаат да зборуваат, бебињата се свесни за луѓето и светот околу нив. Тоа може да го дознаете од нивните гримаси.

bebeinjata-imaat-razlicni-grimasi-i-vidovi-na-placenje-otkrijte-sto-sakaat-da-vi-kazat-01

На родителите најтешко им е кога гледаат дека бебето сака нешто да им каже, а не може да изговори или плаче, а не знаат зошто.

Понекогаш мајките се водат според инстинктот и случајно го погодуваат она што е потребно, но сите тие гримаси може да се откријат и без проблем, во секој момент да знаете што сака вашето бебе да ви каже.

- Штом се намурти, бебето ви кажува дека не се чувствува добро. Ако притоа и плаче можно е да има гасови и грчеви од кои може да го ослободите со масирање на стомачето.

- Ако бебето се намурти со широко отворени очи, веројатно во тој момент има течна столица. Ако притоа ги собере и усните, значи дека тоа ќе потрае.

- Со изненадното плачење, викање и фрлање на работите кои ги држи, бебето бара внимание од вас и покажува дека му е досадно.

- Штом ја заврти главата на друга страна и избегнува контакт со очите, бебето покажува дека не сака да комуницира. Тоа го потврдува и ако почне да си игра со прстите.

Секое плачење на бебето може да има различно значење. Иако ви се чини дека тоа е сосем нормално за секое бебе, сепак потребно е внимателно да размислите и да се обидете да му помогнете.

bebeinjata-imaat-razlicni-grimasi-i-vidovi-na-placenje-otkrijte-sto-sakaat-da-vi-kazat-1.jpeg

Постојат некои знаци по кои може да откриете за што плаче:

- Кога бебето е луто плачот е остар и силен.

- Кога нешто го боли, плачењето тешко се смирува.

- Кога е уморно плачењето е тажно и со прекини.

- Кога е исплашено, плачењето е испрекинато, а може да звучи и како врискање.

- Во првите три месеци најчесто бебињата плачат бидејќи се гладни. Се препорачува да цицаат на секои 3 часа, а доколку плачат почесто, тогаш и на секој час.

- Кога бебето се буди од сон со плачење може да биде гладно или да е исплашено.

По шестиот месец кај бебињата се јавува широк спектар на емоции, поради кои може да биде предизвикано плачењето.

bebeinjata-imaat-razlicni-grimasi-i-vidovi-na-placenje-otkrijte-sto-sakaat-da-vi-kazat-2.jpg

Она што како родители треба да го направите во секоја ситуација, доколку не можете да откриете зошто плаче вашето бебе е следново:

- Понудете му да цица

- Дајте му вода, можеби е жедно

- Проверете дали се чисти пелените

- Подигнете го да ждригне

- Проверете дали има грчеви и масирајте му го стомачето

- Проверете да не има затнат нос

- Проверете дали нешто го стега или чеша

- Ако не е ништо од тоа, тогаш сигурно бара малку повеќе љубов, внимание и сигурност кои мора да му ги пружите.

- Ако сè уште плаче, можеби е потребно да го однесете на лекар за да проверите дали е нешто посериозно од она што го претпоставувате.

Би можело да ве интересира:

Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg