Проблемот на сите мајки: Бременоста го менува телото, но сè уште може да бидете секси

Многу жени по породувањето го кријат своето тело, се плашат да застанат пред огледало и да се соблечат пред својот партнер.

problemot-na-site-majki-bremenosta-go-menuva-teloto-no-se-uste-mozete-da-bidete-seksi-01

Поради промената на телото која е предизвикана од бременоста, многу мајки се чувствуваат несигурно, кога е во прашање изгледот.

Некои целосно ја губат самодовербата и уште повеќе се запуштаат, па си создаваат и поголеми проблеми.

Блогерката Меган Франсис одлучила да им помогне на несигурните жени, па затоа напишала текст во кој сигурно сите ќе се пронајдат или  препознаат.

Сето тоа јас го разбирам

„Во текот на мојата прва непланирана бременост, многу се здебелив. Апетитот ми беше зголемен, постојано пиев шејкови и јадев помфрит, а месото ми беше неодминливо.

Се здебелив 27 килограми плус, на моите 53 и ми беа потребни неколку години за да го прифатам моето постпородилно тело. Дури и денес не сум целосно помирена со тоа.

Неодамна најдов текст кој сум го напишала пред 9 години:

„Маж ми не ги забележуваше толку промените низ кои минуваше моето тело. Него моите гради му беа убави, исто како и претходно. Мојот мек, полн стомак го нарекуваше „сладок“.

Големо олеснување ми беше што тоа не му пречи, но во исто време мислев дека е луд. Како е можно да не му изгледам смешно? Јас сум смешна. Тој мој внатрешен дијалог ме спречува целосно да уживам во сексот“.

Се обложувам дека 90 отсто од вас знаат како сум се чувствувала кога тоа сум го пишувала.

problemot-na-site-majki-bremenosta-go-menuva-teloto-no-se-uste-mozete-da-bidete-seksi-1.jpg

Луѓето постојано зборуваат дека телото на мајките е прекрасно, бидејќи подарила нов живот и сето тоа е чудесно и магично. Сопрузите ни зборуваат дека сме посакувани и атрактивни, а ние им веруваме. Но, сето тоа не ни го олеснува чувството кога ќе се погледнеме во огледало.

Затоа, нема да ви зборувам за чудото на подарување нов живот кое вашето тело го преживува. Знаеме дека тоа е чудо, ги сакаме своите деца и се радуваме што сме родители, но тоа сознание не може да нè убеди дека сме секси кога ќе се соблечеме.

Килограмите се еден од најтешките проблеми, а тоа се стомакот, стриите и белегот од царскиот рез. Ние секојдневно си го гледаме телото дека не е совршено како претходно.

Да бидам искрена, никогаш не се ослободив од рефлексот да се покријам пред и по сексот. Но, напреднав со тоа што сè почесто можам да ги игнорирам негативните мисли и да се чувствувам добро заради тоа како изгледам.

Тоа го можете и вие. Јас сум мајка на 5 деца и имам неколку совети за да си помогнете и да се чувствувате подобро во своја кожа.

1. Обрнете внимание на паровите од реалниот живот

Разгледајте ги паровите околу вас. Ќе видите жени со огромни стомаци, покрај згодни мажи. Слаби девојки со крупни момци. Сите тие несовршени луѓе кои се во врска со несовршени луѓе.

Сите луѓе се несовршени на свој чуден начин. Ретко може да видите пар кој изгледа скоро совршено. Тоа ви докажува прво дека на луѓето може да им е привлечен различен изглед, а второ дека сите луѓе се привлечни на свој начин.

2. Најдете некој кој ќе ви направи добри фотографии

Оваа фотографија ја направи мојот сопруг кога отидовме сами на викенд. Кога ја видов се возбудив. Не се сметам себе за непривлечна, но ретко кога себе се гледам во толку добра поза. Бев воодушевена од фотографијата.

Најдете некој професионален фотограф кој ќе направи некои ваши фотографии на кои ќе ги скрие сите маани и ќе ја истакне вашата убавина.

problemot-na-site-majki-bremenosta-go-menuva-teloto-no-se-uste-mozete-da-bidete-seksi-3.jpg

3. Гледајте убави фотографии на мајки и други нормални, несовршени жени

Секој ден од сите медиуми сме бомбардирани со телата на девојки и жени кои имаат идеални пропорции и постојано изгледаат совршено, иако повеќето од нив се обработени во Фотошоп. Со тој комплекс може да се изборите само ако гледате фотографии на нормални жени, кои не се славни личности и манекенки, туку се од вашето секојдневие. Тогаш ќе увидите дека тоа е убаво и привлечно.

4. Најдете нешто што сакате

Сигурно постои некој дел од вашето тело кој ви се допаѓа. Јас никогаш не обрнував внимание на мојот задник, додека партнерот не ми кажа дека тоа му е омилен дел од моето тело. Обрнав повеќе внимание потоа и забележав колку ми е убав.

Ако и вие сте несигурни во однос на своето тело, само за себе одвојте ги најдобрите карактеристики или прашајте некој важен кој ќе ви ги посочи. И кога некој ќе ви каже дека имате добри нозе или убаво деколте, верувајте му.

problemot-na-site-majki-bremenosta-go-menuva-teloto-no-se-uste-mozete-da-bidete-seksi-4.jpg

5. Поминете некое време сами со себе во долна облека

Многу жени своето тело го гледаат само за време на сексот или кога се тушираат. Посветете му некое време на телото и набљудувајте го за да видите како тоа изгледа.

Навикнете се на своето тело, засакајте го повторно со сите негови промени и несовршености. Облечете долна облека која добро ви стои и гледајте се во огледало без да се осудувате.

Колку попријатно се чувствувате гледајќи го своето тело додека сте сами, толку попријатно ќе ви биде да се соблечете пред некој друг.

6. Погледнете се целосно

Жените постојано и себе и на другите им бараат маани и никогаш не се целосно задоволни од својот изглед. Не треба да ги гледате само лошите страни, согледајте се целосно. Вашите нозе, торзото, лицето, гласот и сè она што ве прави да сте посебни и единствени.

7. Бидете трпеливи и не се откажувајте

Со текот на времето ќе ви биде полесно да го прифатите своето тело. Почетните промени помалку се забележуваат по некое време, Кожата се затегнува и стриите избледуваат.

Имајте на ум дека повеќето жени од магазините изгледаат така поради професионалниот фотограф и обработката во Фотошоп. Чувствувајте се добро во своето тело. Самодовербата е најсекси.

problemot-na-site-majki-bremenosta-go-menuva-teloto-no-se-uste-mozete-da-bidete-seksi-6.jpg

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg