4 прашања кои откриваат: Дали сте подготвени да станете родители?

Се надеваме не мислите дека да се биде добар родител значи да направите кашичка, да купите слатко боди и да читате бајки пред спиење...

4-prasanja-koi-otkrivaat-dali-ste-podgotveni-da-stanete-roditeli-01.jpg

Постојат голем број на емоционални, финансиски и физички обврски кои младите родители не ги ни очекуваат.

Затоа пред да се одлучите за принова, одговорете на овие 4 прашања:

1. Дали размисливте за долгорочната обврска?

Дали сте подготвени за финансиско и емотивно жртвување? Дали сте подготвени да се откажете од сонот и енергијата за да ги посветите на новиот член во наредните неколку години? Вие сте единствената потпора на вашето дете, а тоа бара бројни откажувања, имајте го тоа на ум.

2. Дали сте размислувале како ќе изгледа светот низ очите на бебето?

Бебињата немаат право на гласање и одбирање на семејството, така што добро треба да го размислите светот од неговите очи. Дали сте во можност да му овозможите стабилна средина? Ако не, ваша должност е добро да се подготвите пред да го донесете детето на овој свет. Но, внимавајте и да не чекате предолго.

4-prasanja-koi-otkrivaat-dali-ste-podgotveni-da-stanete-roditeli-02.jpg

3. Дали вашиот партнер размислува на ист начин?

Дали имате исти ставови кога се работи за воспитувањето? Разговарајте за начинот на дисциплинирањето, околу образованието, слободните активности... Едноставно, поставете граници и правила. Одредете кој ќе се грижи да бебето во првата година, а кој ќе заработува. Неопходен е детален план пред да го донесете бебето на свет.

4. Заради која причина сакате дете?

Добро размислете зошто сакате да станете родител. Децата не би требало да се раѓаат со одредена улога, како што е задачата да го спасат вашиот брак или да ви ја овозможат љубовта која долго време ви недостасува. Размислете долго и сериозно за вашата желба и потреба и запаметете дека не мора да биде сè совршено, само доволно искрено и полно со љубов.

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Сите ми велат: ‘Блазе си ти, какво дете имаш!’  - Знам какво е, и не ми се падна на лото!“ „Често ми велат, блазе си ти какво дете имаш! Знам јас какво дете имам! Единстве...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg