Супер идеи за идните родители и нивните малечки
8. Најзабавната лулашка
Потребен ви е само малку повеќе материјал кој ќе го врзете околу трпезариската маса и слободно ќе може да го подготвувате ручекот додека детето се забавува.
9. Картоните искористете ги како лизгалка
Ако сте внимателни може и добро да ги искористите скалите за да им биде позабавно на децата и да поставите картони на кои тие ќе се лизгаат.
10. Бебешка капа за туширање
За да не му влегува вода во очите додека го туширате, ова е идеално решение.
11. Држач за сладолед
Во топлите денови, наместо постојано да го бришете додека јаде сладолед, доволно е да ставите една обвивка за капкејк на стапчето под сладоледот и безгрижно да јаде.
12. Средство против чудовишта
Наполнете еден распрскувач со вода и залепете му интересни сликички како спреј против чудовиштата под креветот кои ќе може да ги прска ако се плаши.
13. Сликичка за чевли
Ако сакате да му помогнете на вашето дете за да знае да си ги облече патиките, на внатрешната страна залепете по една половина од омилената сликичка.
14. Футрола со повеќе намени
Празната DVD футрола искористете ја како футрола за боички.
15. Корпа за играчки во бањата
Користете ја корпата за валкана облека во кадата додека го капете детето за играчките да не ви бегаат на сите страни.
16. Научете ги да си ја заслужат наградата
За поголемите деца кои веќе разбираат многу работи, може да смислите интересна игра со која и тие ќе го добијат посакуваното, но претходно ќе го заслужат.
17. Старото креветче претворете го во работна маса
Штом ви пораснат децата, нема потреба да го фрлате бебешкото креветче, туку ако го извадите душекот може да добиете одлична работна маса.
Би искористиле некоја од овие идеи?