Најомразената мајка во светот: Пред 7 години направила грешка која до денес ја плаќа

Бренда Слеби пред 7 години гостуваше во шоуто на Опра, кога ја раскажа својата страшна животна приказна како родител. Бренда признава дека направила грешка заради која нејзината ќерка го загубила животот.

najomrazenata-majka-vo-amerika-pred-7-godini-napravila-greska-koja-do-denes-ja-plaka-01.jpg

Откако стана позната како најомразената мајка во светот, 7 години подоцна се врати во истото шоу за да го раскаже животот по трагедијата.

Бренда заедно со нејзиниот сопруг имала 2 ќерки. Помладата, Сесилија, имала само 2 години кога починала.

Сè се случило во август 2007 година, кога сопругот на Бренда, Гери, не можел да ја однесе Сесилија кај дадилката.

Бренда ја прифатила одговороноста, и покрај тоа што тешко ја балансирала кариерата како заменик директор и мајка на 2 девојчиња.

Кога Бренда се упатила кон дадилката сфатила дека е премногу рано, па попатно решила да заврши неколку обврски. Застанала до пекара да купи јадење и се упатила кон училиштето во кое работела.

Во меѓувреме, нејзината Сесилија тивко седела на задното седиште.

Бренда излегла од колата, се упатила кон своето работно место и потполно го заборавила своето девојче. Поминале многу часа додека сфатила дека Сесилија останала заклучена.

najomrazenata-majka-vo-amerika-pred-7-godini-napravila-greska-koja-do-denes-ja-plaka-02.jpg

- Седев во канцеларија и една добра пријателка, инаку учителка во училиштето во кое работам, си тргна дома. Поминала покрај мојата кола и дотрча со панични викотници. „Бренда, бебето ти е во кола!!!“ Истрчав колку побргу можев. Знаев што ќе најдам. Ја отворив вратата и се сеќавам дека слушав гласови околу мене, слушав како сите вриштат. Ја повлеков толку силно што ја повлеков заедно со седиштето. Ја земав и знаев дека е мртва. Штом ја земав, знаев, раскажуваше Бренда пред 7 години.

Сесилија починала од топлотен удар по цели 8 часа.

Токму заради овој настан Бренда е разведена, а вели дека единствена причина заради која сè уште е жива е нејзината друга ќерка.

Ова е нејзината приказна:

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg