30 дена, 30 работи: Што сè му украде ракот на моето семејство?

Ден 16 - Ракот го украде моето сигурносно ќебе

Изгледа дека најголемиот дел од времето со Изабела го поминував вака. Откако имаше 2 години, почнавме да спиеме вака. Дури и во болница ни беше удобно вака. Се чувствувавме сигурно. Мислам дека ова најмногу ми недостасува.

30-dena-30-raboti-sto-se-mu-ukrade-rakot-na-moeto-semejstvo-100215569.jpg



Ден 17 - Ракот ги украде нејзините мали раце и стапала

Изабела секогаш имаше мали раце и стапала. Никогаш не можев да и најдам обувки кои ќе и одговараат. Би сакала уште еднаш да можам да ја бакнам за малото раче.

30-dena-30-raboti-sto-se-mu-ukrade-rakot-na-moeto-semejstvo-100215570.jpg



Ден 18 - Ракот го украде мојот мал пекар

Секогаш морав да наоѓам нешто што ќе ја забавува. Изабела сакаше да подготвува храна и да поминува часови во кујната. Пекарата Магнолија дури и дозволи да ги декорира нивните колачи на еден ден. Беше пресреќна додека го правеше тоа.

30-dena-30-raboti-sto-se-mu-ukrade-rakot-na-moeto-semejstvo-100215571.jpg



Ден 19 - Ракот ја украде мојата омилена црвенокоса

Најтешко ми беше да и одговорам на прашањето „Ќе ја изгубам ли косата?“ За да го избегнам одговорот, ја обоив црвена. Многу и се допадна. Но, тоа траеше само 1 месец. Затоа секој ден кога има трки или хуманитарни настани, косата си ја бојам црвена за да и оддадам почит.

30-dena-30-raboti-sto-se-mu-ukrade-rakot-na-moeto-semejstvo-100215572.jpg



Ден 20 - Ракот го украде нашиот најголем борец во фондацијата за Изабела

Никој од нас не беше толку посветен како таа. Јас трчав на сите страни, но никој не беше како неа. Не се срамеше кога тоа беше во прашање, затоа што знаеше колку е важно.

30-dena-30-raboti-sto-se-mu-ukrade-rakot-na-moeto-semejstvo-100215573.jpg



21. ден – Ракот го украде нејзиното растење

Изабела многу сакаше да порасне. Многу од нејзините пријатели беа повисоки од неа, па дури и нејзиниот помлад брат. Сакаше да ѝ купам чевли со потпетици за да биде повисока. Поради терапиите растеше многу бавно. Постојано ја меревме, но линијата речиси и не се поместуваше.

30-dena-30-raboti-sto-se-mu-ukrade-rakot-na-moeto-semejstvo-0021.jpg



22. ден – Ракот ни ги украде сите празници

Јас ги сакав празниците и секогаш се радував на сите. Заедно правевме планови за декорација, колачи, пеевме додека го правевме сето тоа. Сега секој празник е одбивен, бидејќи нè потсетува дека ја нема неа.

30-dena-30-raboti-sto-se-mu-ukrade-rakot-na-moeto-semejstvo-0022.jpg



23. ден – Ракот ја украде нејзината постара сестра

Името на Изабела постојано го спомнуваме. Затоа и не е чудно што Софија е опседната со неа. Сакаше да ѝ однесе скутер и велосипед кога би можела да оди. Морав да ѝ објаснам дека таа ги вози во Рајот.

30-dena-30-raboti-sto-se-mu-ukrade-rakot-na-moeto-semejstvo-0023.jpg



24. ден - Ракот го украде Дизниленд

Знаеше дека секојпат кога ќе фрли паричка во фонтаната и ќе посака една од две работи: да исчезне ракот и да одиме во Дизниленд. И одевме, благодарение на фондацијата „Make a wish“, подоцна станавме и редовни посетители. Секогаш беше возбудена неколку дена пред да тргнеме, без оглед на болеста. Сакавме и сега да одиме, но премногу е тешко и сè потсетува на неа.

30-dena-30-raboti-sto-se-mu-ukrade-rakot-na-moeto-semejstvo-0024



25. ден – Ракот го украде нејзиниот прекрасен глас

Имаше прекрасен глас. Беше пискав и нежен во исто време. Сите се вкочанувавме кога ќеслушнеме некоја песна со нејзиниот глас. На моменти заборавам дека веќе ја нема. Ми недостига да ја слушнам како пее и како се смее.



26. ден – Ракот му го украде бакнежот за добра ноќ на Грант

Грант и Изабела беа многу блиски. Повеќето денови тој беше единствената личност со која си играше, а тој сакаше да се грижи за неа. Кога ќе ги одвоевме навечер, секогаш слушавме како едниот ќе го бакнеше другиот за добра ноќ. Во ова видео Грант слуша снимка од нејзиниот глас и гледа нејзина фотографија.



27. ден – Ракот ги украде овие очи

Изабела секогаш имаше прекрасни сини очи. На денот кога почина очите ѝ останаа отворени. Знаев дека нè напушта кога во нив се изгуби сјајот. Таа глетка засекогаш ќе ми остане.

30-dena-30-raboti-sto-se-mu-ukrade-rakot-na-moeto-semejstvo-0025.jpg



28. ден – Ракот ми ја украде ќерката

Овие фотографии се направени во последната недела од нејзиниот живот. Едвај одлучив за да ги споделам, бидејќи се посебно интимни. Тука не позираме, туку се едноставно доловени моменти. Би сакала да имам милион вакви фотографии.

30-dena-30-raboti-sto-se-mu-ukrade-rakot-na-moeto-semejstvo-0026.jpg

30-dena-30-raboti-sto-se-mu-ukrade-rakot-na-moeto-semejstvo-0027.jpg



29. ден – Ракот ни го украде срцето

Ова е последната семејна фотографија на која сме сите петмина заедно. Таа не напуште после неколку дена. Овие луѓе на фотографијата не беа ни свесни каква трагедија ќе им се случи. Не знаевме дека нашите насмевки нема да траат уште долго. Сега мораме цел живот да живееме без неа.

30-dena-30-raboti-sto-se-mu-ukrade-rakot-na-moeto-semejstvo-0028.jpg



30. ден – Ракот ми го украде семејството

Ова е првата семејна фотографија без неа. Потребно беше многу време да помине за да можеме да се фотографираме без неа. Нашите фотографии веќе не изгледаат целосно. Во нашата свест сè уште сме петмина. Секогаш ќе ни недостига.

30-dena-30-raboti-sto-se-mu-ukrade-rakot-na-moeto-semejstvo-0029.jpg



Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg