30 дена, 30 работи: Што сè му украде ракот на моето семејство?
Ќерката на Ерин Сантос имала невробластом веќе 5 години. Семејството се борело со неа, го победувало заедно со неа, но тој повторно се враќал.
По цели 5 години борба, ракот победил.
Тогаш нејзината мајка ја создала оваа листа на работи кои ракот ги уништи за нејзиното семејство, кога мала Изабела починала.
Ден 1 - Ракот и ја украде венчавката
Минатиот Божиќ Изабела добила венчаницата која ја посакувала. Рекла дека на денот на венчавката сака да носи токму ваква венчаница.
Ден 2 - Ракот ја украде неговата сестра
Вака изгледаше ракот на крајот. Нејзините коски беа воочливи, но нејзиниот брат продолжи да ја гали и да се преправа дека не гледа ништо. Заспа покрај неа таа вечер. Ова е нивната последна фотографија.
Ден 3 - Ракот ја украде друкарката за игра
Нашата помлада ќерка сакаше да влегува во собата на Изабела и да си игра со нејзините играчки. Со таа разлика што сега игра сама...
Ден 4 - Ракот ја украде мајката на ова маче
Изабела ја шеташе, играше и секојдневно и се радуваше. Сега ја сакаат само оние кои Изабела ги остави зад себе.
Ден 5 - Ракот украде моден дизајнер
Секој ден се расправавме околу тоа што ќе облече. Ме нервираше што не знаеше да ги вклопи работите. Но, сега сфаќам дека тоа беше единствената работа која мислеше дека може да ја контролира.
Ден 6 - Ракот го украде моето душевно здравје
Додека Изабела одеше на третмани, јас бев како на игли и тоа тешко го сокривав. Сега сум анксиозна и имам тикови.
Ден 7 - Ракот украде уметник
Ова е автопортретот кој Изабела го нацрта и залепи на вратата од гаражата. Никогаш нема да го одлепам.
Ден 8 - Ракот ја украде невиноста на мојот син
Кога и да имаше некој посебен ден, Грант и носеше цвеќе. Сега и оваа традиција згасна...
Ден 9 - Ракот ги украде нашите соништа за песочните плажи
Стјуарт и јас купивме мала колиба на плажа кога бев во 8-от месец од бременоста со Изабела. Сонувавме дека таму ќе ги доживееме најубавите спомени. Сега Софија постојано не потсетува дека некој недостасува.
Ден 10 - Ракот го украде срцето на оваа жена
Изабела често се однесуваше како возрасна. Заради тоа ја сакаа многу повозрасни жени. Но, госпоѓата Криси беше нејзина најдобра пријателка. Сакаа да одат заедно насекаде.
Ден 11 - Ракот го украде најдобриот (и најлошиот) танчер во историјата
Никогаш не и беше грижа кој ја гледа додека игра. Во нејзината глава, таа секогаш беше на бина. Некои снимки на кои игра до ден денес ме засмеваат. На нив нема тага, болка или рак. Би сакала да имам повеќе вакви видеа.
Ден 12 - Ракот го украде посебниот ден на мојот сопруг
Ова видео е направено на роденденот на мојот сопруг. Изабела даде сè од себе за да стане од креветот и да му испее песна. Ракот тука започна да и го одзема видот. Почина 4 дена по неговиот роденден. Неговиот роденден веќе никогаш нема да биде ист.
Ден 13 - Ракот украде дете кое градеше замоци во песокот
Стјуарт и мојот син тој ден отидоа на сурфање. Јас останав со моите две девојчиња на плажа. Тие ми ги затрупаа стапалата со песок. Изабела ја учеше Софија како да и помогне.
Ден 14 - Ракот ја украде нивната најдобра пријателка
Изабела имаше многу добри пријатели. Но, некои од нив сепак се издвојуваа. Ништо не можеше да ја израдува повеќе од посетата на овие девојчиња во болница.
Ден 15 - Ракот украде навивачка
Фондацијата „Make A Wish“ и „Carolina Panthers Top Cats“ во 2011 година и исполнија голема желба. Таа имаше малку енергија, но се чуваше за да ја воодушеви публиката. На еден ден, Изабела беше навивачка. И тоа беше најубавиот ден во нејзиниот живот.
Уште 15 тажни денови на следната страница...