Мајката работи на 3 места и чисти тоалети за ќерката да живее луксузно

Лорен Волш (15) има гардеробер на кој многу девојки би ѝ позавиделе. Неделно троши околу 200 фунти на парталчиња, а и самата признава дека ретко успева сè да облече.

majakata-raboti-na-3-mesta-i-cisti-toaleti-za-kerkata-da-zivee-luksuzno-01

Но, за тоа нејзината мајка Џеки работи на 3 места за да може да ги задоволи сите желби на разгалената ќерка.

Џеки смета тоа што го прави е во ред, бидејќи на тој начин со сите тие скапи работи Лорен има поголема самодоверба.

Сите трошоци ги покрива мајката која работи на две места за 6,81 фунта на час и која била принудена да најде уште една дополнителна работа за да може да ја задоволи ќерка си, па прифатила да чисти и тоалети.

majkata-raboti-na-3-mesta-i-cisti-toaleti-za-kerkata-da-zivee-luksuzno-3

„Многу сум слаба на тоа девојче. Иако и пријателите ме советуваат дека треба да ѝ се спротивставам, но јас не можам“ – раскажува Џеки, која инаку има уште една помала ќерка Рејчел.

„Ја преколнував мајка ми за некои чевли, дека се моите омилени и дека постојано би ги носела. Беа многу скапи, ми ги купи, но уште не сум стигнала да ги облечам, како и повеќето кои ги имам“ – восхитено зборувала Лорен за својата колекција чевли.

majkata-raboti-na-3-mesta-i-cisti-toaleti-za-kerkata-da-zivee-luksuzno-4

majkata-raboti-na-3-mesta-i-cisti-toaleti-za-kerkata-da-zivee-luksuzno-5

„Понекогаш ми е малку жал за потрошените пари, но мајка ми плаќа, јас не знам колку чини она што го сакам. Само ѝ го покажувам, а таа ми го купува и јас се заблагодарувам.

Кога ги гледам девојките од магазините, гледам дека се обични само се убаво облечени и нашминкани, па помислувам дека ако и јас се облечам во толку скапа облека, ќе изгледам убаво“.

Сепак, не се работи само за чевлите, Лорен троши и до 600 фунти месечно. Во нејзиниот орман се наоѓаат скапи брендирани парчиња кои воопшто не ги облекла.

Но, нејзината мајка не престанува да ѝ ги задоволува бесмислените желби.

majkata-raboti-na-3-mesta-i-cisti-toaleti-za-kerkata-da-zivee-luksuzno-6

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg