Има 19 деца, но сака уште едно

Мишел Дјугар ги знае сите проблеми со кои мајките се соочуваат по породувањето. Таа е мајка на 19 деца, а со секое од нив накачила по некој килограм. Сепак, таа вели дека го обожава своето тело.

majka-e-na-19-deca-no-bi-sakala-barem-uste-edno-01

- Едноставно сè се лепеше за мене. Пред да сфатам, имав 20 килограми вишок - рекла Мишел.

Тоа се случувало пред 10 години, додека не решила дека ќе започне да се храни здраво и да вежба. Сега е задоволна со своето тело.

Секако, тоа не е телото кое го имала пред децата, но тоа едноставно не и е важно.

Еве што таа смета дека е поважно од променетиот изглед низ годините:

1. Добар пример

Мишел вели дека е свесна дека нејзините 9 ќерки и 10 синови ја гледаат како пример, кога се работи за изгледот.

2. Не дозволува другите да и ја нарушат среќата

Луѓето често пати се шегуваат заради 19-те деца, а многумина и го коментираат нејзиниот изглед.

- Не ги игнорирам критиките затоа што некои од нив се точни, но не дозволувам тоа да ми диктира каква ќе бидам со моите деца.

3. Децата се вредни за секоја стрија

Мишел и Џим Боб одамна одлучиле дека нема да користат никаква контрацепција. Тие веруваат дека децата се благослов од Бог, па семејниот живот тотално го препуштиле на судбината.

- Стриите и масните наслаги на одредени места се траги кои ми ги оставија моите деца. Кога и да ги погледнам, си велам: Се сеќавам на таа стрија. И вредеше. Не би ја менувала за ништо на светот.

4. Не мисли на дебелината

Мишел не се грижи за килограмите, ниту пак очекува да се претвори во модел преку ноќ. Таа смета дека ниту една мајка не смее да биде брутална и груба кон своето тело.

5. Џим Боб

Заслугите за тоа што Мишел се чувствува прекрасно ги препишува на својот сопруг, кој никогаш не ја критикувал, дури и кога била најтешка.

majka-e-na-19-deca-no-bi-sakala-barem-uste-edno-02

6. Не се споредува со другите

- Секогаш ќе се најде некој кој е послаб од мене, но и некој кој е подебел. Секоја жена води борба со тоа. Прифатете се и бидете она што сте, колку и да звучи како клише, порачува Мишел.

7. Си простува себеси

Никој не е совршен, па кога имате толку многу деца, поголеми ви се шансите да погрешите.

- Простувањето ми носи мир и хармонија во себе, но и во семејството.

8. Во форма е

Не вели дека треба да ја прифатите нездравата тежина. Кога Мишел сфатила дека нејзината тежина ја забавува и создава болка на целото тело, променила некои работи.

- Кога ослабев 18 килограми, се чувствував многу подобро.

9. Целото семејство е заинтересирано за фитнес

Мишел од слабеењето направила семеен проект, како и од сè останато.

- Кога не можете да побегнете од дома за во теретана, вклучете го и вашето семејство. Најмалку што можете да направите е да прошетате.

majka-e-na-19-deca-no-bi-sakala-barem-uste-edno-03

10. Поддршка од пријателите

Мишел секое утро се допишува со најдобрата пријателка Синди која буквално ја станува од кревет и ја мотивира за вежби додека сите други спијат.

11. Не се грижи заради моменталните трендови

Моментално популарната фризура, облека и шминка е неважна за Мишел. Таа верува во себе и своите избори.

12. Не би и пречело да има уште деца

Последната бременост на Мишел завршила со спонтан абортус во 2011 година, но не се откажува. Затоа што во изминатите 26 години речиси константно била бремена, Мишел признава дека и е малку необично кога во себе нема бебе.

majka-e-na-19-deca-no-bi-sakala-barem-uste-edno-04

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg