Краток водич за самохрани родители: Кажете им „добредојде” на новите љубовни состаноци

Некои самохрани родители не ни помислуваат да започнат ново љубовно поглавје во својот живот. Тоа е нормално, бидејќи љубовните состаноци знаат да одземат многу време, трпение или да разочараат додека го пронајдеме вистинскиот партнер или партнерка.

kratok-vodic-za-samohrani-roditeli-recete-im-dobredojde-na-novite-ljubovni-sostanoci-001

Не се лишувајте од љубовта, туку следете го овој водич кој ќе ви помогне за поуспешни состаноци: 

1. Вие одлучувате - Не избрзувајте доколку не се чувствувате подготвени за состаноци и запознавање на потенцијални партнери. Земете си време онолку колку што ви е вам потребно. 


2. Разграничете ја љубовта од семејството -
Тоа не значи дека треба да криете дека имате деца, туку поставете граница помеѓу семејството и љубовта. Не го запознавајте партнерот или партнерката со вашите деца веднаш, почекајте додека врската стане посериозна. 


3. Очекувајте разни емоции -
 Од една страна можеби ќе бидете возбудени, од друга страна можеби ќе се почувствувате разочарано поради некои минати искуства. Но запомнете, ова е нов почеток и ретко работите се црни и бели, погледнете подлабоко и видете ги другите бои. 

kratok-vodic-za-samohrani-roditeli-recete-im-dobredojde-na-novite-ljubovni-sostanoci-1.jpg

4. Дајте им време на вашите деца - Вашите деца можеби нема веднаш да ја прифатат новата личност во вашиот живот, но не смеете да се разочарувате бидејќи тоа е нормална појава. Со текот на времето тие ќе се прилагодат и ќе го прифатат оној или онаа која вас ве прави среќни и насмеани. 


5. Бидете пример за вашите деца -
Никој не ви забранува да бирате и да ја изберете онаа личност која сметате дека ќе биде одличен пример за вашите деца. Вие сте тие од кои децата учат за тоа како треба да изгледа здрава и успешна врска. 

Децата не се изговор за да останете дома и да се изолирате од надворешниот свет.

Имајте самодоверба и само така ќе успеете. Го можете тоа!

kratok-vodic-za-samohrani-roditeli-recete-im-dobredojde-na-novite-ljubovni-sostanoci-01.jpg

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg