12 најсреќни моменти за новите родители
Нема поголема радост за секој родител од моментите кога дознава, открива или гледа нешто ново кај своето дете. Додека гледа како расте и се развива тоа мало суштество, сите моменти се среќни, но посебна насмевка ви се развлекува кога ќе ги видите првите чекори, првото запознавање со другарчиња, првото „уметничко дело“ и уште стотици ситници кои за родителите се најголеми настани.
Ова се само дел од нив:
1. Изразот на нивното лице кога ги прават првите чекори.
2. Првата ноќ кога спијат без да се разбудат.
3. Кога ќе го слушнете слаткото искрено смеење од срце.
4. Првиот пат кога ќе видите како постарото дете ужива да биде поголемо братче или сестриче.
5. Првиот збор или нејасен звук кој ќе го каже.
6. Нивната реакција кога за првпат се капат во када полна со меурчиња и сапуница.
7. Првиот пат кога јадат вистинска храна без да направат хаос на себе и околу.
8. Првото нивно „уметничко дело“ што ќе го ставите на посебно место.
9. Стравот и возбудата кога првпат одат на фризер.
10. Кога првпат воспоставуваат контакт со други деца.
11. Облечени во првиот најсладок костум за 1-ви Април.
12. Првиот пат кога спиете заедно и сфаќате колку сте среќни што сте родители.
Извор: BuzzFeed