Mоментот кога глувото бебе првпат го слуша гласот на мајка си...
Дилан е момче кое е родено 11 недели пред регуларниот термин и се борел со опасна инфекција 101 ден. Имал 15 операции на мозокот за да му се излечи хидроцефалијата која се појавила додека се борел со инфекцијата.
Малечкиот Дилан има 1 година и 10 месеци, роден е глув, а моментот кога првпат имал вклучен слушен апарат, кој го снимила неговата мајка Индиа Липтон, навистина ќе ве трогне.
Детенцето било воодушевено и изненадено кога првпат го слушнало гласот на мајка си. Дилан е зачнат благодарение на анонимен донатор на сперма, но Индиа имала проблематична бременост која завршила со предвремено породување.
Родено е на Денот на вљубените, 14. февруари, а после бројните операции и лекувања на инфекцијата, веќе два месеца го користи слушното апаратче и со искрена радост и насмевка го покажува задоволството од слушањето гласови и звуци.
Сака да слуша и музика и да свири. Можеби во него се крие и музички талент кој допрва ќе се развива.
Погледнете ја неговата реакција кога првпат го слуша гласот на мајка си: