7 ужасни навики на родителите со кои ги оттурнуваат своите деца
Постојано ги критикувате и им покажувате љубов само кога ќе направат нешто што сакате вие.
Кога вашите деца ќе пораснат и ќе се иселат од домот, нормално е да не ги гледате и да не контактирате со нив секој ден.
Но, ако забележите дека децата сè повеќе се оддалечуваат од вас, избегнуваат да ви се јават и ретко кога имаат време да ве видат, можеби треба да размислите за вашите постапки.
7 навики со кои несвесно ги оттргнувате децата од себе:
Им покажувате љубов само кога ќе направат тоа што сакате
Љубовта на родителите треба да биде безусловна и треба да им ја покажувате на децата дури и кога не прават сè што сакате вие.
Во ред е да ги посоветувате и да им кажете ако сметате дека грешат.
Но, и во ваквите ситуации важно е да им дадете до знаење дека ги сакате.
Постојано ги омаловажувате и критикувате
Добро размислете дали секојпат кога разговарате со вашите деца, ги критикувате и им наоѓате замерки.
Ако го правите ова, нормално дека децата ќе сакаат да го избегнат омаловажувањето и постепено ќе се оддалечат од вас.
Сакате да ги контролирате
Додека се мали, ваша должност е да ги воспитате децата и, секако, да го контролирате нивното однесување.
Но, штом ќе пораснат, не можете да очекувате да имате контрола над нив.
Во спротивно, ќе се оддалечат од вас.
Им ги наметнувате вашите проблеми
Вашите деца не ви се психијатри и не треба на нив да ги „истурате“ вашите проблеми, без разлика дали се брачни, финансиски или какви било.
Секако, во ред е да побарате помош, но никогаш не ги третирајте децата како да ви се терапевт.
Им се мешате во врската со партнерот
Освен ако вашето дете не е во врска или брак со навистина лоша личност, никогаш немојте да го критикувате неговиот партнер.
Кога зборувате лошо за неговиот партнер, делува како да сакате да ја саботирате врската и детето ќе почне да ве избегнува.
Ги обвинувате за вашите проблеми
Никогаш немојте да ги обвинувате вашите деца за вашите проблеми. Немојте да им викате дека сте се жртвувале за нив или што било слично.
Децата секако дека се свесни и ценат сè што сте направиле за нив.
Но, вие сте избрале да бидете родители и не смеете да ги обвинувате децата за жртвите кои доаѓаат со родителството.
Им имате уништено важни моменти
Дали се случило да уништите важен момент на вашето дете бидејќи сте кажале или направиле нешто непромислено?
Ако ова се случило еднаш, штетата можеби и не е голема.
Но, ако сте случува често, детето нормално дека ќе почне да се оддалечува од вас.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





