Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно?

Одбива да прифати одговорност

Децата кои не се однесуваат добро и не се извинуваат за своето однесување, може да чувствуваат дека заслужуваат посебен третман или дека треба да бидат оправдани поради нивната возраст.

Но, поттикнете ги да преземаат одговорности и бидете им пример. Ако му ветите на детето дека ќе му помогнете со домашните задачи, одвојте време да го сторите тоа.

Ако не можете, тогаш извинете се и објаснете зошто не сте си стоеле на зборот.

kako-da-prepoznaete-deka-vasheto-dete-ne-ve-pochituva-dovolno-04.jpg

Ве исмева

Детето кое не ве почитува доволно, може да ве исмева, да ја омаловажува вашата кариера или да покаже незаинтересираност за вашето мислења.

Охрабрете го детето да ги изрази мислењата, своите интереси и страсти и отворено зборувајте за тоа дека секој има различни гледишта.

Физичка агресија

Детето кое навредува вербално, може да стане и физички агресивно. Може да ве удира во расправија или кога нема да го добие она што го сака.

Физичката агресија може да стане многу опасна, па треба да се побара и стручна помош.

kako-da-prepoznaete-deka-vasheto-dete-ne-ve-pochituva-dovolno-05.jpg

Неблагодарност

Кога детето нема да биде благодарно за она што го правите или ќе ги отфрла вашите подароци, тоа може да нема крај.

Неблагодарноста е очигледен знак дека детето не покажува доволно почит кон своите родители.

Обидете се да го пофалите детето кога ќе покаже дека ги цени работите и покажете зошто е тоа важно.

Барање потврда надвор од семејството

Кога детето ќе бара поголема потврда надвор од семејството, тоа покажува дека не ја цени доволно љубовта и грижата што ја добива од родителите.

Но, од друга страна, некои деца може да се чувствуваат задушени од нивните родители.

Како и да е, обезбедувањето добар баланс може да направи детето да се чувствува добро, а секако, многу е важна и отворената комуникација.

kako-da-prepoznaete-deka-vasheto-dete-ne-ve-pochituva-dovolno-06.jpg

Секако, имајте предвид дека расположението на децата, особено на адолесцентите, може да се промени во секунда, но тоа не треба да го оправда нивното непочитување.

Бидете смирени и трпеливи, не прибегнувајте уште веднаш кон казните, разговарајте отворено, градете односи така што ќе поминувате повеќе време заедно и бидете им соодветно добар пример.

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg