Совети за татковци: Како да ѝ помогнете на партнерката за време на доење?
Помош при подригнување на бебето
Кога е присутен дома, партнерот може да биде од голема помош при ждригањето на бебето.
По доењето, на мајката ѝ треба време за себе, па добро е сопругот веднаш да го земе бебето, а ова е и одличен начин да се поврзе со него.
Ноќна поддршка
Не секогаш е изводливо ова, но доколку работата и смените дозволуваат, добро е партнерот понекогаш да биде друштво при доењето во текот на ноќта. Бебето знае да станува често, а мајката утредента да биде исцрпена и уморна.
Невозможно е сопругот да биде буден при секое доење и секоја ноќ, но кога дозволуваат околностите, добро е да ѝ се олесни на мајката.
Притоа, партнерот може да ја промени пелената или да помогне со заспивање на бебето.
Помош при измолзување млеко
Доколку мајката користи пумпа за измолзување млеко, таткото може да биде од голема корист така што ќе ги измие шишињата, а потоа и пумпата со сите делови.
Исто така, на овој начин партнерот може да го храни со шише нивното бебе, па мајката ќе може да одмори.
Масажата има голема улога
Повеќето мајки обожаваат масажа! Доењето понекогаш бара незгодни позиции, па неретко жените чувствуваат болка во грбот, рамената и вратот.
Па, добрата масажа од партнерот ќе помогне при релаксација и намалување на стресот.
М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com