Совети за татковци: Како да ѝ помогнете на партнерката за време на доење?
Едуцирајте се и не заборвајте дека некогаш е само доволно да правите друштво. Како да ѝ помогнете на партнерката околу доењето на вашето бебе?
Сите знаеме дека доењето е најдобриот извор на храна за новороденчето, a за новите мајки тоа може да биде многу исцрпувачко и стресно.
Но, дали знаевте дека за многу жени, нивниот партнер е главниот извор на поддршка? Колку повеќе партнерот нуди поткрепа и разбирање, толку жената ќе биде посигурна во себе, затоа што доењето е природен процес, но исто така е и вештина која треба да се научи.
Иако многумина сметаат дека таткото овде нема никаква улога, сепак, партнерот зазема значаен дел од овој процес.
На кој начин татковците може да бидат вклучени во овој прекрасен, незаменлив, но и исцрпувачки момент?
Стекнување знаење за доењето
Татковците треба да вложат малку време и труд за да научат нешто повеќе за овој процес.
Ова може да се направи и пред да пристигне бебето, па ако малку повеќе разберат за тоа како функционира доењето и на што треба да се внимава, подобро ќе може да ѝ помогнат на својата партнерка.
Обезбедување удобна позиција
Многу е важно да ѝ се обезбеди на мајката удобна позиција за доење. Доењето бара многу енергија, па жената може да стане гладна или жедна додека дои, при што добро би било, кога може, партнерот да биде во близина во случај да ѝ треба нешто.
Да се биде друштво понекогаш е сосема доволно
Мајките поминуваат многу време доејќи го своето малечко, па понекогаш може да се почувствуваат осамени, да имаат измешани чувства и емоции.
Екстра поддршка партнерот ќе пружи само со негово седење, зборување…