Совети за родители: Како да разговарате со ќерка ви за (првата) менструација?
Едуцирајте ја за менструацијата и промените кои доаѓаат со неа и научете ја како правилно да користи хигиенски влошки. Што друго можете да направите за да ја подготвите вашата ќерка за првата менструација?
Дел од тинејџерските години за секоја девојка е и менструацијата. Некогаш првиот менструален циклус може да се јави и порано, па важно е родителите е да ги подготват нивните ќерки за оваа промена.
Но, неретко и самите родители не знаат како да пристапат на оваа тема.
Ако сте во ваква ситуација, можеби следниве совети ќе ви бидат од помош:
Охрабрете ја отворената комуникација
Важно е вашата ќерка да знае дека со вас може да зборува отворено за женското здравје, без чувство на срам.
Првиот пат вие иницирајте го разговорот и дозволете ѝ да ви ги постави сите прашања што ја интересираат.
Едуцирајте ја
Објаснете ѝ на ќерка ви за менструалниот циклус со јазик соодветен за нејзината возраст.
Кажете ѝ за промените со кои ќе се соочи нејзиното тело, но и за емотивните промени кои можат да настанат поради хормоналните промени.
Покажете ѝ како да користи хигиенски влошки
Хигиенските влошки се неопходно помагало за жените за време на менструација, па не заборавајте да ѝ покажете на ќерка ви како да ги користи.
Објаснете ѝ и дека постојат влошки со разни големини и дека не треба да се срами да ви побара поголеми доколку има пообилно крвавење.
Кажете ѝ и колку често треба да ги менува влошките, но и како соодветно да ги фрли во корпата за отпадоци. Секако, нагласете дека влошките никогаш не треба да се фрлаат во тоалетната школка.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





