Совети за родители: Како да разговарате со ќерка ви за (првата) менструација?
Нормализирајте ја менструацијата
Објаснете ѝ на ќерка ви дека менструацијата е нормална појава за секоја девојка и жена, како и дека никогаш не треба да чувствува срам поради ова.
Како мајка, добро би било да го споделите и вашето искуство за ќерка ви да сфати дека сепак не е сама и дека секоја жена и девојка минува низ истото.
Заедно направете комплет за менструација
Со ќерка ви заедно купете ги сите работи што ќе ѝ бидат потребни кога има менструација и направете комплет кој ќе ѝ биде постојано достапен.
Овде можат да спаѓаат влошки, чиста долна облека во случај да има незгода, влажни марамчиња, апчиња за болка доколку има болни менструации, па дури и чоколадо или нешто за грицкање.
Добро би било да направите ваков комплет кој ќе може да го носи во ранецот за на училиште.
На овој начин девојчето ќе се чувствува подготвено, без разлика каде е.
Кажете и со кого може да разговара ако не е дома
Доколку девојчето добие менструација додека е на училиште, важно е да знае дека има со кого да разговара.
Ова може да биде наставничка, педагог или која било жена од училиштето што ќе може да ѝ помогне.
Понудете емоционална поддршка
Покажете сочувство и разбирање за грижите и емоциите кои ги има ќерка ви за менструацијата.
Уверете ја дека сте секогаш овде за неа за да ѝ помогнете.
Спирова С. | Црнобело