Водич за родители: Корисни совети за воспитување деца на различна возраст
Три до пет години
Љубопитноста на дечињата е огромна во овој период, па можете да очекувате да прават луди работи.
Работи што треба да ги избегнувате:
- Долги лекции – детето најверојатно нема ни да ве слуша
- Попуштање – детето треба да сфати дека секоја постапка има последици.
Работи што треба да ги правите
- Воспоставете правила – накратко објаснете му на детето што е во ред, а што не.
- Пренасочете го вниманието на детето кон нешто друго.
- Почекајте неколку минути доколку детето е многу непослушно и воопшто не ве слуша.
- Кажете му за последиците – на пример, ако се начкрта на лицето со маркер, кажете му дека утре така ќе треба да оди во градинка.
- Давајте му комплименти кога ќе направи нешто добро. Со ова ќе го охрабрите да се фокусира на добри работи.
Шест до дванаесет години
Овој период децата ќе сакаат поголема независност, а кај некои почнува и пубертетот.
Поради ова, конфликтите можат да застанат малку почести.
Работи што треба да ги избегнувате:
- Нереални казни – ако цел месец му забраните на детето да користи компјутер, ќе создадете само гнев и фрустрација.
- Посрамотување на детето – немојте да го критикувате детето пред други бидејќи со ова ќе му ја разнишате самодовербата.
Работи што треба да ги правите:
- Смирено разговарајте за грешката што ја направило.
- Покажете разбирање за возраста – ако 6-годишно дете сака да пее на глас, оставете го бидејќи има само шест години.
- Реалистична казна – на пример, забранете му да користи компјутер додека да ја напише домашната.
- Натерајте го да ги сфати последиците од постапките – ако, на пример, направи голем неред во домот, речете му да го исчисти.
Тринаесет до осумнаесет години
Тинејџерските години можат да бидат најголем предизвик за родителите.
Ова е период кога детето се соочува со големи промени – и физички и психички, па родителите е важно да покажат разбирање.
Работи што треба да ги избегнувате:
- Критикување на детето пред други.
- Забрани без објаснување – на пример, не викајте дека не може да излезе бидејќи вие сте рекле така, без да му ја објаснете причината за вашата одлука.
- Кога ќе направи грешка, немојте да му викате „Нели ти реков“ и слично и да го критикувате.
Работи што треба да ги правите:
- Поставете правила во домот во согласност со возраста на детето.
- Дозволете му на детето да ги чувствува последиците од неговите лоши постапки.
- Оставете простор за преговарање – со ова детето ќе се чувствува независно и поверојатно е да ве послуша.
- Бидете отворени и достапни – на сите тинејџери им треба родител кој ќе ги води и на кого ќе можат да му се доверат.
Спирова С. | Црнобело