Ние мајките постојано се извинуваме - за немирното дете, за нечистиот дом, затоа што ни е потребен одмор
Се извинуваме затоа што нашето дете не се вклопува во „нормалата“ или затоа што е хиперактивно. Се извинуваме затоа што телото не ни изгледа на одреден начин.
Мајките постојано се извинуваат.
Се извинуваме повеќе од кој било друг.
Се извинуваме кога не можеме да доиме и чувствуваме потреба да се објаснуваме за оваа и за секоја друга родителска одлука, која не одговара на калапот на општеството.
Се извинуваме затоа што не можеме да бидеме родители како од списание, а дома имаме мали деца, работиме полно работно време и имаме мал милион други обврски.
Се извинуваме затоа што нашето дете не се вклопува во „нормалата“ или затоа што е хиперактивно.
Се извинуваме ако ни е потребен одмор и се извинуваме за нашиот неуреден дом.
Се извинуваме затоа што телото не ни изгледа на одреден начин.
Се извинуваме затоа што нашите деца не ги запишуваме на 10 активности после училиште.
Како мајки...
Константно се извинуваме за сè и сешто.
Затоа што така нè научиле, дека ние како жени треба да го правиме тоа кога нема да ги исполниме нереално поставените очекувања.
Но, не треба да никогаш да се извинуваме за нашите верувања, за нашите избори и за предизвиците со кои се соочуваме како семејство.
Плус, без разлика колку пати и да кажеме „извини“, секогаш ќе има некој кој нема да се согласува со нашите одлуки.
Па, ајде мајки да престанеме да се извинуваме. Доста беше!
Извор / фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:





