„Се грижам за децата и сите обврски во домот, а навечер работам - сопругот смета дека не заслужувам одмор“

„Се грижам за трите деца и сите обврски во домот. Кога ќе си легнат, работам неколку часа од мојот лаптоп. Сопругот работи со полно работно време и смета дека сум себична бидејќи сакам да одам на одмор за мојот роденден. Дали е во право?“, прашува 32-годишна мајка од Англија.

se-grizham-za-decata-i-site-obvrski-vo-domot-a-navecher-rabotam-nekolku-chasa-soprugot-smeta-deka-ne-zasluzhuvam-odmor-01.jpg

Жена од Англија, која е мајка на три деца, за својот роденден изразила желба да оди на одмор сама. Таа била одговорна за грижата на децата и сите обврски низ домот, а навечер работела по неколку часа од нејзиниот лаптоп.

Но, нејзиниот сопруг (кој е вработен со полно работно време) сметал дека не ѝ треба одмор и дека нејзината желба е себична.

32-годишната мајка го сподели својот проблем на Редит и од форумџиите побара мислење за конфликтот со сопругот.

se-grizham-za-decata-i-site-obvrski-vo-domot-a-navecher-rabotam-nekolku-chasa-soprugot-smeta-deka-ne-zasluzhuvam-odmor-04.jpg

Нејзината објава гласи:

„Јас и мојот 37-годишен партнер имаме несогласување. Тој смета дека сум себична, но јас мислам дека не сум. Тој предложи да го споделам проблемот овде и да го слушнеме вашето мислење.

Заедно сме 12 години.

Сопругот има две обврски – наутро ги изнесува кучињата надвор и оди на работа (од 8 до 18 часот). Најчесто заспива во 20 часот. Работи во информатички сектор.

Имаме три деца (на возраст од 7, 4 и 2 години) и јас сум одговорна за грижата за нив, како и за секоја обврска во домот – перење облека, готвење, чистење. Домаќинка сум, но сум и самовработена. Па, откако цел ден се грижам за децата, неколку часа работам од мојот лаптоп.

Наскоро ми е роденден. Го прашав сопругот што мисли за тоа да отидам на одмор сама, една недела. Го прашав дали тој може да земе слободни денови од работа и една недела да се грижи за нашите деца – да ги носи на училиште и да средува низ домот.

se-grizham-za-decata-i-site-obvrski-vo-domot-a-navecher-rabotam-nekolku-chasa-soprugot-smeta-deka-ne-zasluzhuvam-odmor-05.jpg

Ми рече дека сум себична. Го прашав зарем е себично да сакам да одам на одмор на мојот роденден, а тој ми рече да.

Мојот партнер нема пуштено машина за перење десет години. Понекогаш прави вечера (двапати месечно). Не чисти, ниту го средува дворот. Го разбирам ова, изморен е бидејќи работи со полно работно време. Но, и јас работам и сметам дека не сум доволно ценета.

Само сакам една недела во која не мора да смирувам дете што плаче или да се грижам за сите додека го жртвувам моето слободно време.

Последен пат кога имав време за себе без децата беше кога излеговме на вечера за роденденот на сопругот, во март. Децата беа заспани и најмивме дадилка. А, исто и кога последен пат бев на гинеколог, но дури и тогаш сопругот пробуваше да ме натера да ги земам децата со мене, без разлика што тој беше дома.

Јас сама ќе си го платам одморот.

Тој има 28 дена платен одмор. Минатата година му пропаднаа 12 дена бидејќи не ги искористи“.

se-grizham-za-decata-i-site-obvrski-vo-domot-a-navecher-rabotam-nekolku-chasa-soprugot-smeta-deka-ne-zasluzhuvam-odmor-07.jpg

Во коментари, мајката доби огромна поддршка од форумџиите. Повеќето истакнуваат дека целосната одговорност за децата и домот се како работа со полно работно време и дека жената дефинитивно заслужува барем еден одмор.

„Повеќето татковци мислат дека обврските низ домот и грижата за децата не се ништо напорно, дека нивната работа е многу потешка. Тоа што твојот сопруг не сака да остане дома, па и те нарекува себична, е всушност себично од негова страна.

Веројатно тој не сака да одиш на одмор бидејќи тој не сака да ги преземе твоите обврски, без разлика што тоа се негови деца и негов дом“.

„Ти не си само домаќинка, спомна дека имаш и работа. Поделбата на обврските во домот е многу лоша и целиот товар паѓа на тебе. Те молам, за твое добро, закажи си одмор и кажи му дека одиш.

Можеби тогаш ќе треба да сработи барем мал дел од она што го работиш ти и конечно ќе сфати колку не е фер кон тебе“.

se-grizham-za-decata-i-site-obvrski-vo-domot-a-navecher-rabotam-nekolku-chasa-soprugot-smeta-deka-ne-zasluzhuvam-odmor-02.jpg

„Неверојатно е што овој сопруг си легнува во 20 часот. Ако завршува со работа во 18 часот и треба да патува, да речеме, 30 минути, тогаш минува само час и половина со неговите деца? Тој не само што не прави ништо во домот, туку не минува ни време со неговите деца“.

„Овој маж е толку мрзлив, како да имаш четврто дете“.

„Грижата за домот и децата е работа. Го велам ова бидејќи јас го живеам истиот живот. Нема слободни денови, нема боледување, мора да си достапна 24/7. Зошто да не можеш да одиш една недела на одмор?“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
„Јас сум една од најлошите баби - зошто сум строга со внуците?“ „Знам да бидам дури злобна на моменти со внуците и луѓето ми велат дека сум прес...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg