Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа

Со поголемите деца можете да договорите место за средба

Без разлика каде и да одите, со поголемите деца можете да договорите некое впечатливо место што ќе ви биде наменето за средба, доколку се изгубите.

На поголемите деца можете лесно да им објасните дека ако случајно ве загубат веднаш треба да одат на тоа место за да се најдете и тој договор треба да важи секојпат кога одите во посета на истата локација.

nemojte-da-go-izvikuvate-negovoto-ime-na-cel-glas-soveti-kako-polesno-da-go-najdete-deteto-koga-kje-vi-se-izgubi-vo-tolpa-05.jpg

Облека во силни бои

Дречливата облека може да ви помогне полесно да го најдете детето, па затоа најдобро е да избирате маици и блузи во розова и портокалова боја.

Ова правило посебно треба да го имате на ум кога одите на плажа или покрај вода, затоа што многу полесно отскокнуваат од бојата на водата.

Тука треба да се напомене дека сините костуми за капење и сината облека се најлош избор.

 sinot-mi-se-zagubi-vo-zooloshka-vo-skopje-soveti-kako-najlesno-da-go-najdete-deteto-vo-tolpa-10.jpg

Ливче со име и телефонски број

Каде и да одите добро би било на раката на детето да го напишете неговото име и телефонскиот број на кој може да ве побараат доколку се изгуби, или овие информации да ги запишете на ливче и да ги ставите во неговиот џеб.

Кога децата се поголеми, веднаш треба да ги натерате да го научат вашиот телефонски број на памет.

nemojte-da-go-izvikuvate-negovoto-ime-na-cel-glas-soveti-kako-polesno-da-go-najdete-deteto-koga-kje-vi-se-izgubi-vo-tolpa-07_copy.jpg

Паметен часовник со GPS уред

Оние родители што може да си го дозволат тоа, може да вложат и во паметни часовници со GPS уред.

Така, доволно е само да ја отворите апликацијата на мобилниот телефон за да знаете каде е вашето дете.

nemojte-da-go-izvikuvate-negovoto-ime-na-cel-glas-soveti-kako-polesno-da-go-najdete-deteto-koga-kje-vi-se-izgubi-vo-tolpa-08_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg