Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа
Иако сум родител што се обидува постојано да ги држи децата за раце и да внимава на нив, сепак со помалото дете ми се случило неколкупати да се отпушти и да побегне. Брзо го најдов синот благодарение на светло портокаловата блуза што ја носеше, но почнав да разгледувам лесни трикови за тоа како да се справам доколку во иднина повторно се соочам со сличен проблем. Што треба да правиме во такви ситуации?
Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избезумено го барате и го извикувате неговото име, тоа се скрило во некој агол и ве набљудува. Што треба да направите во ваков случај?
На секој родител може да му се случи детето да му избега додека се на прошетка на место каде има толпа, а паниката што настанува во тој момент не може да се опише.
Верувам дека на ниту еден родител во тој миг не му се важни погледите што му ги упатуваат другите, додека на цел глас го извикува името на детето во трговскиот центар, во зоолошката или во паркот, и мисли само на тоа како да го најде што е можно побрзо.
Иако сум родител што се обидува постојано да ги држи децата за раце и да внимава на нив, особено кога сме излезени во толпа, сепак со помалото дете ми се случило неколкупати да се пушти и да побегне.
Пред само неколку дена, кога бевме во Зоолошката градина во Скопје, синот одлучи дека сака да трча и да побегне.
Нормално, го пуштив затоа што мислев дека сака да го одмори рачето и да се опушти, не очекував дека со неверојатна брзина ќе одлета и ќе се скрие во некој агол.
Малите деца мислат дека си играат и не се свесни дека постои опасност во оние мигови кога ќе се оддалечат од родителот.
Не се свесни колку е голема паниката кај мама и тато кои избезумено трчаат низ толпата и ги викаат по име на цел глас, со цел побрзо да ги најдат.
Иако, брзо го најдов синот благодарение на светло портокаловата блуза што ја носеше, сепак почнав да разгледувам лесни трикови за тоа како да се справам доколку во иднина повторно се соочам со слична ситуација и кој трик според родителите е најуспешен.
Според мајката Криста Пајпер Гандри, која редовно објавува содржини на ТикТок, кога викате, не треба да го изговарате името на детето.
Таа во едно од видеата раскажува како случајно го загубила 3-годишното дете, па решила да искористи еден трик што и сама го научила на социјалните мрежи.
Наместо на цел глас да го извикува името на детето, почнала гласно да опишува што носи на себе нејзината ќерка.
„Престанав да го викам нејзиното име, па почнав да викам на цел глас: ‘девојче, во розова маица со Мини Маус’“ – раскажува таа.
Според неа, воопшто не треба да се срамите дали другите луѓе ќе сметаат дека нешто не е во ред со вас, туку да очекувате дека другите мајки, веднаш ќе ви помогнат да го најдете детето.
Кога го извикувате името на детето, обично другите луѓе не реагираат, но кога ќе „им укажете“ дека барате дете што е облечено во одредена облека, со тоа ги повикувате да се вклучат и да ви помогнат во потрагата и многу е веројатно дека ако го забележат вашето дете, тие ќе го сопрат и нема да му дозволат да побегне.
Криста вели дека нејзината ќерка ја нашла по само неколку минути откако некоја мајка која го слушнала описот на облеката одлучила да го запре девојчето, додека да дојде мајка ѝ.
@krista.piper I lost my 3 year old todah in a play place and thank god for tiktok - I’m so happy i saw that tiktok of what to do when your kid goes missing. I found her fast by raising my voice and saying a description of what she was wearing. Should have added her age or hair color but the description if little girl with pink minnie mouse shirt got thr job done finding her. #parents #parentsoftiktok #playplace
♬ original sound - Krista | Booktok | Home life