Ретро игри со кои ние пораснавме, а денешните деца не (знаат да) ги играат
Знаат ли денешните деца да си играат? Колку често нашите деца се надвор и што вообичаено прават кога се надвор? Сте играле ли некои од овие игри со вашите деца?
Денес децата трчаат да си дојдат дома од училиште за да седнат пред таблет или пред компјутер.
Кога се казнети или кога се обидувате да им го скратите времето пред монитор речиси и да не знаат што да прават со себеси. Играчки имаме, но се чини дека на нашите деца постојано им е здодевно.
Оние што растеа во периодот пред 2000-тите години помнат едно друго време кога децата брзаа да се вратат од училиште, да ги фрлат дома чантите и денот да го поминат надвор, пред зграда или во двор, со другите деца од маалото или населбата.
Телевизија гледавме, но многу помалку и ретко. Се знаеше точно кои програми беа наменети за деца, а кои беа за возрасните.