Секој родител треба да прочита: 5 работи за кои никогаш не смеете да им се потсмевате на вашите деца

Нема потреба од коментари како: „Малото мамино прасенце“, „Каде е татината буцка?“... Поткопувањето на самодовербата е процес кој речиси секогаш се случува без лоши намери.

sekoj-roditel-treba-da-prochita-5-raboti-za-koi-nikogash-ne-smeete-da-im-se-potsmevate-na-vashite-deca-01.jpg

Многу родители имаат навика да се шегуваат со децата и по малку да се потсмеваат на нивна сметка на одредени теми.

Тоа е невино и симпатично на прв поглед, но за децата може да биде непријатно.

Иако родителите на тој начин мислат дека креираат близок однос со нивните малечки, нема потреба од тоа. Децата треба да видат почит во очите на родителите за да се чувствуваат добро.

Секое задевање во нив буди милион прашања и несигурности.

Теми на кои не треба да се шегувате со децата:

Килограми

Дури и да ви изгледа дека детето воопшто не се лути и не е под стрес, ова не треба да го правите никогаш.

Нема потреба од коментари како: „Малото мамино прасенце“, „Каде е татината буцка?“...

Поткопувањето на самодовербата е процес кој речиси секогаш се случува без лоши намери.

sekoj-roditel-treba-da-prochita-5-raboti-za-koi-nikogash-ne-smeete-da-im-se-potsmevate-na-vashite-deca-02.jpg

Симпатија

Престанете за секое дете од спротивниот пол со кое вашето дете си игра да прашувате дали му е симпатија.

„Ммм, многу често ми ја/го зборуваш Сара/Андреј... Дали ти е симпатија? Кажи ми...“

Изглед

Децата многу лесно може да станат несигурни и какво било задевање на тема на нивниот изглед може да доведе до тоа.

„Каде е малиот Дамбо на мама?“

Никако немојте со вакви коментари!

sekoj-roditel-treba-da-prochita-5-raboti-za-koi-nikogash-ne-smeete-da-im-se-potsmevate-na-vashite-deca-003.jpg

Срамежливост

„Тој/таа е секогаш таков/а... Ајде опушти се, па нашата сосетка не јаде мали деца!“

Вашето дете е внимателно во комуникацијата со луѓе кои не му се доволно познати и тоа не е никаков недостаток.

Не го задевајте поради тоа и дозволете му да се опушта на свој начин и со свое темпо.

Кога ќе погрешат

Некои грешки кои ги прават децата се бескрајно симпатични. Но, кога ние ги прераскажуваме и се смееме на нив, децата гледаат само потсмев.

Ако сакаме да им ја сочуваме самодовербата, ќе им помогнеме да научат за нареден пат да не погрешат и за тоа никогаш не им се смееме.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg