„Бев во Кипар, со автобус од Скопје, па со авион од Солун - зошто оваа дестинација ми се допадна?“
И по минување на границата таму сосема нова приказна – градот на духови. Куќи комплетно напуштени, траорни сцени, кога Грците од овој дел на Кипар при најавата за бомбардирање од страна на Турција во 1974 година морале веднаш да си заминат, само со тоа што го имале на себе.
И потоа во Фамагуста се чувствуваше духот на Турција со највкусни десерти, но и многу помала хигиена по улиците.
Водичот ни беше една навистина шармантна Бугарка, која била мажена за Кипарец и ни раскажа дека нејзиниот маж пребегнал оттука и никогаш не се вратил во родното огниште, туку од 1974 живее во грчката страна на островот.
Во турскиот дел гордо стоеше Лала Мустафа Паша џамијата, која е вистинско архитектонско ремек-дело и едноставно прави да си ги протриете очите.
Но, на страна историјата, да се вратам на грчката страна од островот, каде го посетивме и местото каде се родила божицата на убавината Афродита. А таму?
Плажа како моите омилени! Со тиркизна вода, малку дива со бранови, со карпи, со убавина која душата ја храни. Дури и со камче од плажата си замислив желба, така ми кажаа.
Ја видов и спектакуларната црква Свети Лазар во Ларнака и тесните улички во кои се криеја прекрасни локали, но и духот на младите кои велат дека да не постоеше политика и вмешување на големи сили отстрана тие ќе го сплотат овој остров за само 24 часа.
За специјалитети покрај море и уживање во поглед кон морската шир и не треба да говорам – тоа е задолжително, нели?
Кипар како дестинација за пролетна прошетка? Дефинитивно да! Мене ми ги задоволи сите сетила и ми направи да го изживеам оној прекрасен дух на летото среде март.