25 најубави плажи во светот за 2023 година - две од нив се во Грција
Од белите песоци на Карибите и црните крајбрежја на Исланд, но и прекрасните плажи во Грција и Кипар кои ни се лесно достапни - како изгледа листата со 25-те најубави плажи за оваа година, според корисниците на TripAdvisor?
Корисниците на TripAdvisor со своите критики и оценки секоја година помагаат популарниот сајт за патување да ги избере најубавите дестинации во светот, рестораните со најдобра храна, локалите со највкусно кафе или хотелите во кои можете да престојувате.
Овојпат тие направија листа на 25 најубави плажи за 2023 година од сите шест континенти, а на листата се наоѓаат две плажи во Грција и една во Кипар, кои можете лесно да ги посетите.
Од белите песоци на Карибите и црните крајбрежја на Исланд, корисниците на TripAdvisor ги избраа 25-те најубави плажи за оваа година.
Погледнете ја целосната листа:
25. Balos Beach, Грција
Прекрасната плажа Балос се наоѓа на северо-западниот врв на грчкиот остров Крит.
Плажата со бел песок и тиркизна боја на водата со години е меѓу омилените на туристите, кои доаѓаат од сите делови на светот.
24. Magens Bay, Свети Томас, Американски Девствени Острови
Заливот Магенс е една од четирите карипски плажи кои се најдоа на оваа листа. Лоцирана е на островот Свети Томас, популарна станица за крузери кои постојано го посетуваат регионот.
23. Playa Norte, Мексико
Плажата се наоѓа на популарниот Остров на жените, а секојдневно ја посетуваат и туристите кои се на одмор во Канкун, едно од најпопуларните летувалишта во Мексико.
22. Nissi Beach, Кипар
Младите туристи кои бараат модерно место за летување, последниве години имаат навика да ја посетуваат оваа плажа.
По денот поминат на плажа, вечерите ги минуваат во познатите ноќни клубови.
21. Falassarna Beach, Грција
И оваа прекрасна плажа се наоѓа на островот Крит, на само неколку километри јужно од Balos Beach.
20. Nungwi Beach, Танзанија
Со новите хотели кои се појавуваат во овој регион со огромна брзина, идиличниот архипелаг на Занзибар многу бргу станува омилено место на туристите од цел свет.
Плажата Nungwi е меѓу најубавите на брегот на Танзанија.
19. Ipanema Beach, Бразил
Кога најпопуларната бразилска плажа Копакабана ќе стане преполна, локалното население и туристите одат на јужната страна на Рио де Жанеиро, каде што се наоѓа Ipanema, плажата која привлекува со својот изглед но и луксузот.
18. Playa Manuel Antonio, Костарика
Оваа недопрена плажа на брегот на Пацификот на Костарика се наоѓа во националниот парк Мануел Антонио. Таа е дом на мајмуни, птици, а изобилува и со многу пешачки патеки, кои се омилени за посетителите.
17. Playa de Muro, Шпанија
Ова е прва од двете шпански плажи кои се најдоа на списокот на TripAdvisor, а се наоѓа на североисточниот брег на Мајорка. Популарна е поради својот песок и тиркизната боја на водата.
16. Kelingking Beach, Индонезија
Плажата е лоцирана на островот Пенида, во близина на Бали, а сепак не е туристичка атракција. Таа е далечна, полу-дива, а сепак прекрасна и мирна.
15. La Concha Beach, Шпанија
Една од најголемите светски градски плажи се наоѓа во Сан Себастијан, гастрономскиот главен град на Шпанија.
14. Seven Mile Beach, Кајмански Острови
Иако името покажува дека станува збор за плажа долга седум милји, таа е долга само шест (9,6 километри). Сепак, таа е една од најсензационалните песочни делови во светот.