25 најубави плажи во светот за 2023 година - две од нив се во Грција
13. Manly Beach, Австралија
Менли е предградие на Сиднеј, а неговата плажа е најпопуларна кај сурферите. Затоа тука атмосферата е очекувано опуштена, дури и кога има многу луѓе.
12. Driftwood Beach, Џорџија, САД
Оваа плажа името го добила по дрвјата што ги исфрлило морето на песокот. Таа се наоѓа на островот Џекил во државата Џорџија. Оние кои ја посетиле велат дека наликува на место од златното доба на САД во ’50-тите години.
https://www.instagram.com/p/CpVBn8Vrtak/?utm_source=ig_web_copy_link
11. Siesta Key, Флорида, САД
Оваа плажа се наоѓа во близина на брегот на Сарасота на Флорида. Таа нуди бели блескави песоци, а посетителите имаат можност да забележат желки и делфини.
10. Kaanapali Beach, Хаваи, САД
Ситниот песок ја прави оваа плажа едно од најпопуларните места за одмор на островот Мауи на Хаваи. Областа изобилува со туристи и луксузни одморалишта.
9. Varadero Beach, Куба
Повеќето одморалишта на Куба се расфрлани по должината на северниот брег на земјата. Најпознатата плажа од сите, Varadero, се наоѓа на околу 150 километри источно од Хавана.
8. Spiaggia dei Conigli, Италија
Позната и како Зајачка плажа, Spiaggia dei Conigli се наоѓа на италијанскиот остров Лампедуза, на половина пат меѓу Тунис и Малта. Ова е и местото каде што десетици илјади мигранти од Африка се упатуваат во потрага по подобар живот во Европа.
7. Radhanagar Beach, Индија
Седмата најубава плажа на светот се наоѓа на островот Хавелок, на архипелагот Андаман. Тука се изградени бројни хотели со пет ѕвезди, но областа и понатаму останува порурална и поавтентична од другите рајски места во светот.
6. Praia da Falesia, Португалија
Оваа плажа се наоѓа во близина на градот Албуфеира во Алгарве, а ја красат песочни плажи и карпи во боја на 'рѓа.
https://www.instagram.com/p/CmMhPkvsSOY/?utm_source=ig_web_copy_link
5. Grace Bay, Туркс и Кајкос
Оваа британска прекуокеанска територија е сон на повеќето љубители на плажи, а заливот Грејс, кој е долг 19 километри, е можеби неговиот најдобар.
4. Reynisfjara Beach, Исланд
Плажата со песок од црни вулкански камења се наоѓа на јужниот брег на земјата, во близина на градот Вик. Таа е туристичка атракција токму поради необичната боја на песокот.
3. Cable Beach, Австралија
Оваа прекрасна плажа со бел песок е долга 22 километри. Таа е лоцирана во близина на Брум, Западна Австралија.
2. Eagle Beach, Аруба
Втората најубава плажа на светот според TripAdvisor е лоцирана на карипскиот остров Аруба. Самиот поглед на белиот песок измешан со тиркизна вода остава без здив.
1. Baia do Sancho, Бразил
Плажата во форма на полумесечина е од фин златен песок, дополнета со тропска вегетација. Таа е лоцирана на бразилскиот архипелаг Фернандо де Нороња. Овој егзотичен рај е идеална дестинација за патување во зима.
А. Ј. | Црнобело