„Бев во Париз за да ја видам Ајфеловата кула и се разочарав - не видов ништо од металните огради и туристите“

„Градините беа затворени, на кулата се вршеа поправки и не можев да видам ништо од туристите и металните огради“.

bev-vo-pariz-za-da-ja-vidam-ajfelovata-kula-i-se-razocharav-ne-vidov-nishto-od-metalnite-ogradi-i-turistite-01.jpg

Париз важи за најромантичниот град во светот, а неговото најпознато обележје е Ајфеловата кула.

Ова здание е изградено во 1880-тите од страна на Густав Ајфел, а во филмовите и сериите е прикажано како најромантичното место во Париз.

bev-vo-pariz-za-da-ja-vidam-ajfelovata-kula-i-se-razocharav-ne-vidov-nishto-od-metalnite-ogradi-i-turistite-02.jpg

Сепак, иако самата градба е ништо помалку од величествена, нејзината околина може и да ве разочара.

Ова го воочила и Марија Нојен од Англија која го посетила Париз во ноември годинава и за Insider го споделува нејзиното разочарување од Ајфеловата кула.

Нејзиното искуство во продолжение:

„Поради социјалните мрежи и сериите како Emily in Paris, очекував Ајфеловата кула да ги долови убавината и романтизмот на Париз.

Секогаш кога ја гледав Ајфеловата кула оддалеку додека шетав низ Париз, без импресионирана од ова архитектонско дело.

Но, кога се доближив до обележјето, бев разочарана од многуте туристи кои си го блокираа погледот кон кулата едни со други, како и од ’кич‘ консумеризмот во областа.

Намерно отседнував во хотел во близина на Ајфеловата кула, но одоколу имаше толку многу градби, што можев да гледам единствено кон метро станиците и еден супермаркет.

bev-vo-pariz-za-da-ja-vidam-ajfelovata-kula-i-se-razocharav-ne-vidov-nishto-od-metalnite-ogradi-i-turistite-04.jpg

bev-vo-pariz-za-da-ja-vidam-ajfelovata-kula-i-se-razocharav-ne-vidov-nishto-od-metalnite-ogradi-i-turistite-05.jpg

Кога истражував за градините околу Ајфеловата кула пред неколку месеци, гледав фотографии од луѓе кои се релаксираат на тревата.

Но, не сфатив дека градините се затворени во постудените месеци, па околу нив имаше метални огради.

bev-vo-pariz-za-da-ja-vidam-ajfelovata-kula-i-se-razocharav-ne-vidov-nishto-od-metalnite-ogradi-i-turistite-07.jpg

Одоколу имаше и знаци за туристите да не фрлаат храна на земјата бидејќи привлекувала стаорци.

bev-vo-pariz-za-da-ja-vidam-ajfelovata-kula-i-se-razocharav-ne-vidov-nishto-od-metalnite-ogradi-i-turistite-08.jpg

Како што се доближив до Ајфеловата кула, видов долга редица туристички автобуси на улицата. Од многуте туристи и металните огради не можев да видам ништо од знаменитоста.

bev-vo-pariz-za-da-ja-vidam-ajfelovata-kula-i-se-razocharav-ne-vidov-nishto-od-metalnite-ogradi-i-turistite-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
Две држави од поранешна Југославија се на листата најубави земји на светот (според туристите) Туристите од цел свет ги избраа 20-те најубави земји. На листата има 3 држави од...
Долги редици, турканици низ тесните улички - Што може да очекувате од Санторини, ако го посетите во ... За совршени фотки на белите кровови ќе треба да се изборите за место со илјадниц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg