„Бев во Париз за да ја видам Ајфеловата кула и се разочарав - не видов ништо од металните огради и туристите“
Кога пристигнав, станав свесна дека сум само една од илјадниците туристи кои дошле да ја видат кулата денес. Многумина носеа беретки кои изгледаа повеќе како туристичка атракција отколку автентичен француски детаљ.
Покрај тоа, на кулата се поправаше нешто, па не изгледаше убаво.
Се разочарав и од долгата редица луѓе кои чекаа да се качат на кулата, па решив да не се качувам.
Од другата страна забележав дека повторно имаше многу туристи кои ја фотографираат кулата.
Но, бев изненадена кога сфатив дека колку повеќе се оддалечувам од кулата, толку е поубава. Повеќе не се гледаа многуте туристи и металните огради.
Мојата посета на Ајфеловата кула беше добра лекција за тоа да си ги намалам очекувањата“.
Дали вие сте го посетиле Париз? Каков впечаток ви остави Ајфеловата кула?
Спирова С. | Црнобело