Кои се најдобрите, а кои најлошите седишта во авион, според поранешна стјуардеса?

Најдобро избегнувајте ги седиштата на крајот од авионот ако не сакате турбуленции. Седиштата покрај излезот за итни случаи, пак, имаат повеќе простор и се одлични за повисоки лица.

koi-se-najdobrite-a-koi-najloshite-sedishta-vo-avion-spored-poraneshna-stjuardesa-01.jpg

Бет Виндзор од Англија работела како стјуардеса повеќе од десет години, па дефинтивно можеме да научите нешто од неа за овој начин на патување.

За некои патници е многу важно каде седат, особено кога станува збор за долги летови. Па затоа, Бет споделува кои седишта се најдобри, а кои најлоши, во зависност од вашите потреби.

Нејзините совети во продолжение:

Најдобрите седишта во авион

Седишта покрај излезот за итни случаи

Бет вели дека обично за овие седишта се доплаќа повеќе, па голема е веројатноста да нема никој до вас.

Тие се и добар избор за повисоки луѓе бидејќи има повеќе простор за нозете.

Сепак, на овие седишта може да биде постудено, а и патниците кои седат на нив мора да се согласат да помагаат доколку треба да се искористи излезот за итни случаи.

koi-se-najdobrite-a-koi-najloshite-sedishta-vo-avion-spored-poraneshna-stjuardesa-02.jpg

Колони со две седишта

Во некои авиони има колони со по две седишта, а Бет вели дека овој распоред е најудобен за патниците, бидејќи има повеќе простор за сите.

koi-se-najdobrite-a-koi-najloshite-sedishta-vo-avion-spored-poraneshna-stjuardesa-03.jpg

Преден дел

Најголемата придобивка овде е што во голем број авиони, стјуардесите почнуваат да служат пијачки и храна од предниот дел. Што значи, не мора да чекате многу.

koi-se-najdobrite-a-koi-najloshite-sedishta-vo-avion-spored-poraneshna-stjuardesa-04.jpg

Среден дел

Овие седишта се наоѓаат веднаш над крилата на авионот, па овде најмалку се чувствуваат турбуленциите.

Но, Бет истакнува дека овде вревата од моторите на авионот може да биде погласна.

koi-se-najdobrite-a-koi-najloshite-sedishta-vo-avion-spored-poraneshna-stjuardesa-05.jpg

Седиште покрај прозорецот

Бет вели дека таа лично секогаш сака да седи покрај прозор. Овие седишта се добри за луѓе кои се нервозни и анксиозни додека се во авион, бидејќи имаат одличен поглед кој ќе им го одвлекува вниманието.

Покрај тоа, ако седите покрај прозорецот, другите патници нема да ви пречат ако сакаат да станат од нивните седишта.

koi-se-najdobrite-a-koi-najloshite-sedishta-vo-avion-spored-poraneshna-stjuardesa-06.jpg

На следната страница најлошите седишта во авион...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg