Кои се најдобрите, а кои најлошите седишта во авион, според поранешна стјуардеса?
Најлошите седишта во авион:
Веднаш пред или зад ѕидовите, односно преградите во кабината
Ако преградата од кабината е пред вас, ќе немате масичка бидејќи пред вас нема друго седиште.
Ќе немате ни многу простор, а и овде неретко седнуваат мајки со бебиња, па можно е да слушате плачење и врева.
Ако преградата е веднаш зад вас, нема да можете да си го спуштите седиштето.
Бет вели дека седиштето веднаш пред преградата може да биде погодно за вас единствено ако не сакате зад вас да седи некој.
Седишта покрај тоалетот
Ова е очигледно – покрај вас постојано ќе минуваат патници, а и веројатно ќе чувствувате непријатен мирис од тоалетот.
Ова седиште е погодно единствено за патници кои знаат дека ќе мораат често да го користат тоалетот.
Седишта во близина на просторот за подготвување храна и пијалаци
Просторот каде што стјуардесите ги полнат количките со храна и пијалаци обично е сместен на предниот или задниот дел од авионот. Во големите авиони, може да има ваков простор и во средината.
А, Бет вели дека ова е едно од најлошите места за седење, од неколку причини.
Најпрво, стјуардесите прават многу врева со металните кутии додека ги полнат количките со храна.
Овде многу често доаѓаат и патници на кои им треба нешто од стјуардесите.
Покрај тоа, бидејќи овој простор е за стјуардесите, светлото речиси постојано е вклучено.
Седишта на крајот од авионот
Овие седишта се лош избор за патници кои мразат турбуленција, бидејќи овде се чувствува најмногу.
Истовремено, некои авиони имаат мотори на задниот дел, па во текот на целото патување ќе слушате врева.
Седиште во средината на редот
Бет вели дека без разлика во кој дел од авионот сте, ако седите помеѓу двајца патници, веројатно нема да ви биде многу удобно.
Покрај ограничениот простор, ќе мора да го вознемирувате едниот патник ако сакате да станете, а другиот ќе ве вознемирува вам.
Па, избегнувајте ги овие седишта по секоја цена.
Спирова С. | Црнобело