4 плажи на Балканскиот Полуостров кои вреди да се посетат
Балканскиот Полуостров изобилува со рајски плажи, морски пејзажи и прекрасни места кои ги заплиснуваат бреговите на поблиските и подалечните балкански земји, на кои дефинитивно треба да им се посвети внимание.
Јадранското, Јонското, Егејското и Црното Море го опкружуваат Балканскиот Полуостров и создаваат прекрасни природни контури и плажи кои ги освојуваат срцата на сите посетители.
Во продолжение може да видите само еден мал дел од многуте убави плажи на Балканот кои се популарни кај туристите од целиот свет и вреди да се посетат.
Плажата Навагио - Закинтос, Грција
Навагио или плажата бродолом, е најпозната плажа на Закинтос и иако сите ја знаеме, сепак секогаш се наоѓа на листите со предлози за плажи.
Има карактеристичен изглед кој е многу препознатлив во споредба со многу други плажи. Навагио ја опкружуваат високи карпи со ситен бел песок и чиста вода со тиркизно сина боја.
До Навагио се стигнува само по воден пат, па вреди да се закаже тура со брод и да се посети. Најдобро е да се оди таму многу рано наутро, кога има помалку туристи.
Краљичина Плажа - Црна Гора
Краличина плажа е една од најубавите и најлуксузните плажи во Црна Гора, а се наоѓа во близина на Свети Стефан. Според мештаните, името го добила по кралицата Марија Караѓорѓевиќ и секако изгледа како место каде што е сместено благородништвото!
Долга е 120 метри и се наоѓа во залив скриен меѓу маслинови и борови дрвја, кои на водата и даваат прекрасна тиркизна боја, каде што можете да ги видите и беспрекорно чистите бели камчиња.
За жал, оваа плажа е достапна само за оние кои престојувале во блиски, врвни хотели и можат да одвојат големи суми на пари за изнајмување лежалки.
Дримадес - Дерми, Албанија
Во мал залив во близина на селото Дерми во јужна Албанија, се наоѓа најубавата плажа во земјата. Голема, живописна карпа го дели песокот и делот исполнет со камчиња.
Во непосредна близина можете да престојувате и да имате прекрасен поглед на морето, а за вечерната забава се задолжени коктел баровите.
https://www.instagram.com/p/CSy3PNqjiJO/
Велека Плажа - Синеморец, Бугарија
Оваа бугарска плажа го краси брегот на Црното Море со својот малку див изглед. Рамна е, покриена со бел песок и опкружена со зеленило, а во близина можете да најдете паркирани кампери.
Атмосферата е мирна и релаксирана, па затоа е идеална за оние кои сакаат цел ден да лежат на плажа, да се сончаат и да читаат. Покрај чадори за сонце и лежалки, достапни се коктели и храна од блискиот бар.
https://www.instagram.com/p/CbFmFzeImhD/
https://www.instagram.com/p/CTp2tq6oFxR/
Која плажа ќе ја ставите на листата за следниот одмор?
М. Г. | Црнобело