„Го испив највкусното турско кафе во манастирот Св. Никола Шишевски, а чичко Зоран ми раскажа за 32-те години минати таму“

go-ispiv-najvkusnoto-tursko-kafe-vo-manastirot-nikola-shishevski-a-chichko-zoran-mi-raskazha-za-32-te-godini-minati-tamu-45.jpg

Овојпат имав можност убаво да си поразговарам со чичко Зоран, кој веќе 32 години се грижи за овој 700 години стар манастир.

go-ispiv-najvkusnoto-tursko-kafe-vo-manastirot-nikola-shishevski-a-chichko-zoran-mi-raskazha-za-32-te-godini-minati-tamu-02.jpg

Кога ми кажа колку години има не можев да поверувам затоа што изгледа навистина фит и енергично за свои години и слободно ќе кажам дека тој е доказ дека работата го одржува човекот.

go-ispiv-najvkusnoto-tursko-kafe-vo-manastirot-nikola-shishevski-a-chichko-zoran-mi-raskazha-za-32-te-godini-minati-tamu-15.jpg

Домаќинот Зоран Ѓорѓиевски е роден на 26 јули 1963 година во селото Шишево, кое е на 4 ипол километри од манастирот. Роден е токму на денот на земјотресот. Тој е сопруг и татко на 2 ќерки, а работи и како домаќин во едно основно училиште во Скопје.

go-ispiv-najvkusnoto-tursko-kafe-vo-manastirot-nikola-shishevski-a-chichko-zoran-mi-raskazha-za-32-te-godini-minati-tamu-14.jpg

Манастирот пак кој тој го носи во срцето датира од 26 јуни 1336 година, почетокот на 14-иот век.

go-ispiv-najvkusnoto-tursko-kafe-vo-manastirot-nikola-shishevski-a-chichko-zoran-mi-raskazha-za-32-te-godini-minati-tamu-04.jpg

Во разговор чичко Зоран ми откри:

„Како домаќин на манастирот работам од 1989 година и сега во мај правам 32 години. Имам дадено заклетва кај Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил и баш пред месец, два тука беше една негова внука и се изненади колку убаво е среден комплексот на манастирот.

go-ispiv-najvkusnoto-tursko-kafe-vo-manastirot-nikola-shishevski-a-chichko-zoran-mi-raskazha-za-32-te-godini-minati-tamu-17.jpg

Матка е матица на манастири, имало 36 манастири, но од тие само 6 се останати. Многу од нив биле запалени и срушени за време на турското владеење. Манастирот Свети Никола Шишевски е еден од оние зачуваните.

go-ispiv-najvkusnoto-tursko-kafe-vo-manastirot-nikola-shishevski-a-chichko-zoran-mi-raskazha-za-32-te-godini-minati-tamu-31.jpg

Кај црницата во дворот на манастирот некогаш имало библиотека и тука се држела литургија. Тука бил роден Свети Никола и живееле 8 семејства. Инаку, празник на манастирот е денот Свети Никола летен (22-ри мај).

go-ispiv-najvkusnoto-tursko-kafe-vo-manastirot-nikola-shishevski-a-chichko-zoran-mi-raskazha-za-32-te-godini-minati-tamu-30.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg