Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Рај на земјата

raj-na-zemjata-more-sonce-zurki-povekjeЗа сите оние кои не сакаат да се тресат од студ поради ниските температури постои и друга варијанта- одмор во потоплите краишта, како што се Куба...

 

...Дубаи, или некоја друга егзотична дестинација.

Ќе ви претставиме некои места каде времето е совршено, сончево и температурите се високи во текот на целата година.

1. Ангвила е остров во Малите Антили на Карибите, поточно од Порторико, и преставува ексклузивно место за одмор. На тој прилично рамен остров се најубавите плажи на Карибите.

raj-na-zemjata-more-sonce-zurki-1

Тука има гурмански ресторани, песочни плажи, тиркизно море, луксузни вили, раскошни хотели...да не набројуваме повеќе. Ангвила е вистинско место за опуштен одмор и забава.

2. Куба е создадена за оние со авантуристички дух. Хотели на плажите, топло море, коктели, совршена музика каде и да се свртите, најдобри цигари на светот, богат ноќен живот и клубови во кои се свири салса или џез.

raj-na-zemjata-more-sonce-zurki-2

Иако Куба нуди многу повеќе од тоа, набројаното е сосема доволно за да привлече многу туристи.

3. Доминиканската Република е мала држава и остров во Карибското море, а ако сакате да ги видите најдраматичните пејзажи на Карибите, тогаш сте на вистинското место.

raj-na-zemjata-more-sonce-zurki-3

Изнајмете џип, облечете чизми и впуштете се во истражување. Доминикана има спектакуларни плажи на северниот брег, но прилично се оддалечени.

4. Малдиви е островска држава во Индискиот океан, а ја сочинуваат 1200 острови групирани во 26 атоли, меѓу кои 200 населени, а од нив 90 се користат само за туризам.

raj-na-zemjata-more-sonce-zurki-4

Белите песочни плажи, тиркизното море, сините лагуни, нуркање, пливање, фасцинантна и единствена природа, луксуз во еколошко опкружување. Со еден збор - фантастично. Вистински тропски рај.

5. Мајами. Артдеко хотели, ресторани, барови, ноќни клубови, коктели. За промена, можете да ги прескокнете плажите преку ден и наместо тоа да тргнете во истражување на кафулиња и да научите нешто за артдеко архитектурата.

raj-na-zemjata-more-sonce-zurki-5

Доволно е да се каже дека Мајами е избран за најсексипилен град во САД.

6. Дубаи - каде уште можете во ист ден да одите на скијање и да ја почувствувате жештината на песокот под нозете? Скијалиштето направено на повеќе од 6.800 квадратни метри, во Дубаи преставува вистински Дизниленд за скијачите кои сакаат да пробаат се што може еден терен да понуди, а потоа да отидат во шопинг или едноставно да се излежуваат на сонцето.

raj-na-zemjata-more-sonce-zurki-6

Жештината, беспрекорната понуда во продавниците, храната и рестораните го прават Дубаи вистинска мека и рај за оние кои сакаат да купуваат.

Би можело да ве интересира:

Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
„Охрид и уште 6 места низ Европа“ – Британки препорачуваат идеални дестинации за летување „Ако го посетите Охрид, не ја пропуштајте можноста да тргнете по патеката покрај...
Топ 8 европски дестинации, за патувачи кои ја сакаат зимата, а не скијаат Зимско бегство во Златибор, или уживање во луксуз во Цермат, Швајцарија, но и во...
Германец посетил 190 држави во две години: „Македонија е меѓу најпотценетите, Египет е пренапорен за... „Не одете само во Франција, Италија, Грција и Шпанија. Има уште 40 земји кои мож...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
6 блиски бич барови во Грција за еден ден или викенд на море Најубавиот бич бар е во околината на Неа Ираклиа, пракрасен бич бар со палми и б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg