Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дубаи: престолнина на луксуз 2

dubai-prestolnina-na-luksuz-2-povekjeПо првиот дел на прегледот на Дубаи, продолжуваме понатаму. Деловно – трговскиот дел од градот се вика Деира, а во него се наоѓа и прочуениот...

 

...„Деира стар сук“. Во еден дел на сукот се продава ориз, во другиот текстил, а во третиот облека.

Најинтересен е делот каде што се продаваат зачини, кои ќе ве зашеметат со своите убави бои и мириси. Тука е прочуениот „златен сук“ по кој Дубаи е познат како „град на златото“.

dubai-prestolnina-na-luksuz-2-1

Во неколку улици кои се во состав на овој дел од сукот сместени се десетини златарници. Секако тука можно и пожелно е да се ценкате, а можете да менувате „старо за ново злато“. На другата страна од заливот, познат под името Бур, има продавници со најсовремени марки компјутери и секаква техничка роба.

dubai-prestolnina-na-luksuz-2-2

Специфичност на овој град и она по што е најпознат и препознатлив секако се неговите хотели. Најпрестижен меѓу нив е Бурџ Ал Араб (Арапска Кула), која со единствената архитектура во облик на едро доминира на целиот брег.

Невозможно е да се категоризира тој хотел како и другите хотели во градот, бидејќи по раскошот и услугите кои ги нудат, заслужуваат многу повеќе ѕвездички покрај оние кои ги имаат.

dubai-prestolnina-na-luksuz-2-3

На секој гостин му се посветува ислкучително внимание, а во хотелите има и соби кои се на пример опремени како делвни канцеларии; на фамилијарните гости им се нуди посебен дел баш опремен за фамилии, додека на постари дами и господа им се нуди сместување во посебен дел од хотелот за да имаат мир.

Дубаи е буквално преплавен од ресторани во кои се нуди храна од сите светски кујни. Најомилена е либанската кујна, каде преовладуваат јадења со говедско, јагнешко и пилешко месо, потоа ориз, урми и јогурт, а сето тоа зачинето со многу морски плодови.

Климата во Дубаи е суптропска. Ретко врне. Просечната температура се движи од 21,4 степени целзиусови во јануари до 41 степен во јули.

dubai-prestolnina-na-luksuz-2-4

Најповолен период за посета на овој град е од октомври до април. За време на посетата можете да отидете на некој од излетите кои ви се нудат , за посета на некој друг град од Емиратите, пред се Абу Даби, главниот град, или Шарж, кој веќе е споен со Дубаи.

Можете да се возите со џип низ пустината или да посетите некое бедуинско село, фарма на камили или да уживате гледајќи арапски танци со неизбежните трбушни танчерки.

Националната валута е дирам, а за еден американски долар можете да добиете од 3,50 до 3,70 дирами. Продавниците работат двократно, а неработни денови се четврток попладне и петок или петок и сабота.

Временската разлика е +4 часа во однос на нашето време. Виза се добива при влез во Обединетите Арапски Емирати на некој од аеродромите; поребни се само вашите податоци, а трошоците за виза се околу $80 долари.

Би можело да ве интересира:

7 места во Прилеп и околината што треба да ги видите барем еднаш во животот Македонија има преубави места, споменици, локалитети и природа од која застанува...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Магично селце на Алпите е сцена од бајките (фото) На граница помеѓу Италија, Австрија и Словенија, со измешани култури и спектакул...
11 популарни клубови и ноќни барови на првиот крак на Халкидики Pearl Club во Калитеа, Achinos Beach Bar во Ханиоти - на Халкидики има бројни кл...
Бајковита тура низ Европа - 10 замоци кои мора да ги посетите барем еднаш Германија, Италија, Шпанија, па дури и земјите во регионот имаат замоци кои изгл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg