Зориа Петкоска: „Јапонските села се вистински бисер, гледав како се произведува свила“

Покрај Токио, Кјото е можеби една од најпопуларните дестинации на планетава. Старата јапонска престолнина е полна историски знаменитости, но само на еден час возење надвор од градот, ве чека една скришна и автентична Јапонија која ретко кој ја знае.

zoria-petkoska-japonskite-sela-se-vistinski-biser-gledav-kako-se-proizveduva-svila-01.jpg

Зориа Петкоска Калајџиева за CRNOBELO.com пренесува како изгледа животот таму:

Имав можност да патувам во овој дел на Јапонија и да посетам неколку места меѓу кои рибарските села Ирие и Ине каде мештаните живеат во куќи над водата и наместо гаража имаат мало пристаниште за бротчето. Но едно од најголемите богатства на овој регион кој се вика „Кјо-Танго“ или „Крајморско Кјото“ се занаетчиите кои одржуваат во живот занаети стари стотици години.

zoria-petkoska-japonskite-sela-se-vistinski-biser-gledav-kako-se-proizveduva-svila-04.jpegПејзажот додека се возиме надвор од Кјото и кон Крајморско Кјото, каде животот тече побавно. Многу природа и по некоја куќарка низ пространството.

Посетив неколку од нив – свилари, ткајачи, изработувачи на јапонска хартија – а една вечер поминав и на фарма со јапонско семејство. Оваа фото-приказна е за нив и нивните вештини.

zoria-petkoska-japonskite-sela-se-vistinski-biser-gledav-kako-se-proizveduva-svila-10.jpeg

Селото посветено на само еден занает

zoria-petkoska-japonskite-sela-se-vistinski-biser-gledav-kako-se-proizveduva-svila-20.jpeg

Село Куротани (黒谷和紙の里) – село кое веќе 8 века е посветено на рачна изработка на јапонска хартија која се вика „ваши“. Хартијата ја прават од нула, со природни состојки и процеси.

zoria-petkoska-japonskite-sela-se-vistinski-biser-gledav-kako-se-proizveduva-svila-25.jpgКора од стеблото на црница, претходно ставена да отстои во вода и да омекне – една од главните состојки за правење јапонска хартија.

Хорие Сајо, 86-годишна жителка на селото ми раскажа дека прави вакава хартија цел живот, и нема намера да сопре. Случајно ја сретнавме на сред село, со гумените чизми ги газеше корите од црница за да омекнат во водата. Прво се збуни што виде странци во малото селце, ама веднаш се прилагоди и дури и грабна едно ракче од водата и ни го подаде. Потоа излезе од реката и отиде дома да ни донесе и покаже тетратки со рачно изработена хартија која таа ја правела.

zoria-petkoska-japonskite-sela-se-vistinski-biser-gledav-kako-se-proizveduva-svila-06.jpeg

Недалеку од селото, старото училиште е претворено во мал центар за правење хартија и мини-изложба. Секој може да се обиде да направи хартија, секако со претходна резервација.

Бидејќи навистина хартијата ја правите од нула, ѝ треба многу време да се исуши, па затоа оставате адреса и ви ја праќаат по пошта неколку дена подоцна.

zoria-petkoska-japonskite-sela-se-vistinski-biser-gledav-kako-se-proizveduva-svila-22.jpg

СВИЛА – од кожурец до најскапи кимона

zoria-petkoska-japonskite-sela-se-vistinski-biser-gledav-kako-se-proizveduva-svila-02.jpg

Има историски докази дека во Јапонија се произведувало свила уште пред 2.000 години. Дел од регионот „Крајбрежно Кјото“ се вика „Танго“ и бил еден од најактивните свиларски региони со векови, па и до ден денес. Во нивните храмови сè уште има многу статуи од мачки, што е реткост (обично се кучиња или лисици), бидејќи за свиларската индустрија во минатото важно било да се чуваат мачки кои ги јаделе глувците и така ја штителе свилата.

zoria-petkoska-japonskite-sela-se-vistinski-biser-gledav-kako-se-proizveduva-svila-15.jpeg

Најпрво го посетивме малиот погон за свила „Тају Текстил“ (田勇機業株式会社) кој нуди бесплатни тури и поразговаравме со директорот, Тамои Хајато. Тој е третата генерација која го води „Тају Текстил“, мал семеен бизнис кој има добиено многу награди за квалитетот на свилата што ја произведува.

Нивните машини за ткаење свила ги користат овие мустри кои всушност функционираат како примитивен компјутерски код. Со помош на разните мустри мапината ткае во различни шари.

Во денешно време се користат сѐ повеќе компјутерски програми поврзани со машините, но „Тају Текстил“ ги има зачувано овие материјални кодови.

zoria-petkoska-japonskite-sela-se-vistinski-biser-gledav-kako-se-proizveduva-svila-14.jpeg

Свилата произведена во овој регион се вика „креп“, и е природно гужвана и нерамна. За да се произведе доволно свила за само едно кимоно, потребни се од 2.000 до 4.000 кожурци од свилени буби.

И ден денес се користат јапонски свилени буби, но сѐ помалку. Денес воглавно свилените кожурци за увезени од Кина и Бразил, најголемите прозиведувачи на свила во светот.

zoria-petkoska-japonskite-sela-se-vistinski-biser-gledav-kako-se-proizveduva-svila-23.jpgОд заглушувашките машини, до тивките хипнотизирачки макари со свилени конци.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg