Запознајте се со скриените водопади во близина на Пехчево

Водопади и шумски патчиња како од некоја епска фантастика, вегетација и тишина што будат стравопочит и простор што не ти дозволува да се одвоиш од него. 

zapoznajte se so skrienite vodopadi vo blizina na pehcevo 1

Ова се само мал дел од привидите на кои наидов во околина на градот Пехчево, откако пред недела-две бев на откривање на источниот дел на Македонија. Областа Малешевија отсекогаш била енигма за мене, посебно што крајот поседува флора и фауна карактеристична за овој дел на Македонија.

Многумина се запознаени со туристичката населба Равна Река, на неколку километри до Пехчево и токму таму се наоѓа најисточната точка на Македонија, позната како Ченгино Кале од каде извира реката Брегалница.

Кога сме веќе во околината на Пехчево, мора да ги издвојам Пехчевските Водопади, кои затскриени од човековото око, допрва треба да се истражат од луѓето и да се остават во ист облик и форма како што биле претходно. Вакви водопади во оваа област ги има неколку, од кои едните се дел од реката Брегалница, а другите од Црн Дол, Љутачка Река и Спиковски Андак. 

Во текот на денот патот ме одведе до Црнодолски водопад. Од главниот пат до него се пешачи околу 400 метри по патека исполнета со дрвени мостови, летниковци и разгранети дрвја кои засенуваат. Патчето со исушени листови и растенија ме спроведе до водопадот, висок пет метри и навистина ми овозможи едно несекојдневно доживување.

Освен Црнодолски водопад, постојат уште неколку, меѓу кои: Спиковски водопад, Скокото, Водопад на Љутачка река и Ж'тачки водопад.

На оддалеченост од 2 километри од Пехчево, во подножјето на Букови се наоѓа еден многу кул локалитет, именуван како Јудови ливади. Е токму тие тресишта и влажните ливади претставуваат дом на инсектојадо растение drosera rotundifolia. Искрено, не ни очекував да наидам на нешто слично, посебно не на наша територија. Нашки кажано муволовката има светлоцврвена боја и трепки со кои ги лови малите инсекти.  

zapoznajte se so skrienite vodopadi vo blizina na pehcevo 3

Во случај ако не знаете каде да прошетате периодов, тогаш околината на Пехчево со сета нејзина природна убавина е предлог кој треба да се земе предвид.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg