9 грешки на туристите поради кои не ја доживуваат вистински локалната кујна
Слушајте совети од локалните жители и не одете на места преполни со туристи. Исто така, консумирајте јадења приготвени со тазе сезонски продукти.
Се ближи Велигден, еден од најубавите христијански празници, а годинава дополнително ја разубавува атмосферата тоа што ни се спојуваат четири неработни денови.
Дали планирате некаде да отпатувате? Ако веќе барате која би ви била совршената дестинација за оваа пригода, тогаш овие предупредувања добро ќе ви дојдат за да успеете да ја вкусите традиционалната кујна на местото што го посетувате на вистински начин.
Најчести грешки што ги прават туристите:
Популарно не e секогаш еднакво со добро
Ако некој ресторан има нападна реклама дека нуди традиционална храна и се наоѓа во центарот на градот, најдобро е да не паднете на рекламата.
Ваквите локали најчесто се дизајнирани да услужат големи групи туристи и во брзото темпо не обрнуваат премногу внимание на правилното приготвување на локалните специјалитети. Најчесто ќе бидете разочарани од резултатот. Исто така, атрактивната локација значи дека ќе се соочите и со многу високи цени.
Наместо тоа пронајдете некој мал интимен локал кој не е на рутата на сите туристи. Прашајте некој локален жител за совет.
Стеснете го кругот
Запомнете го правилото дека не постои национална кујна, туку регионална. Колку е поголема државата, толку традиционалната кујна повеќе се разликува во различните делови од државата.
На пример во Рим ќе ја пробате италијанската кујна, но и специфичната кујна на регионот Лацио. Тука ќе ја вкусите најдобрата пица на светот. Но, ако појдете во Венеција тогаш задолжително нарачајте рижото.
Деликатеси во домашен стил
Се смета дека дури и најпрестижните ресторани нема да ви го доловат вистинскиот вкус на традиционалната кујна на земјата што ја посетувате.
Само домашно приготвената храна ја има таа моќ, па задолжително појдете на вечера кај некое семејство што живее во тоj регион.
Постојат дури и специјално наменети сајтови, кои ќе ви помогнат во тоа.
Јазична бариера
Ова е особено поврзано со азиската кујна. Локалните јадења се екстремно егзотични, а азиските јазици е многу комплицирани, па странците имаат потешкотии да ја разберат локалната кујна.
Начинот на приготвување на јадењата, па и составот не им е сосема јасен и туристите често се одлучуваат за јадења што можат да ги „разберат“. Па, така во Кина многумина се задржуваат на нарачување пекиншка патка, а во Јапонија на суши и не експериментираат.
Сè има свое време
Ако ги знаете сезонските продукти, тогаш нема да згрешите при изборот на јадење.
Треба да знаете дека во Грција сардини е најдобро да се јадат во лето, во Узбекистан јагнешко месо на почетокот од пролетта, а свежи тартуфи во Пиемонт, Италија ќе најдете само во ноември и декември.