9 грешки на туристите поради кои не ја доживуваат вистински локалната кујна
Вистинското мислење
Не се потпирајте на тоа што рестораните напишале за себеси, туку обрнете внимание на коментарите од посетителите. Таму ќе најдете најдетална критика за тоа што е во ред, а што не.
Исто така, можете да се потпрете на препораки од светски познатите медиуми како: The New York Times, The Guardian, Daily Telegraph, CNN, BBC, National Geographic, како и на препораки од познатите сајтови за патувања.
Најдобро е да направите споредба на информациите од повеќе извори за да добиете вистинска слика.
Обрнете внимание на ѕвездите
Мишелин ѕвездите се дефинитивно најпознатиот водич во гастрономскиот свет. Тие гарантираат висок статус и квалитет на локалот.
Непријатниот ефект од водењето според Мишелин ѕвездите се покачените цени на локалите што ќе ги посетите, како и тешкотиите со резервирањето. Ресторанот со една ѕвезда ги зголемува цените за 30%, со две за 50% и со три за 100%, па и повеќе.
Разберете го местото
Ако имате храброст за експериментирање и познавање на јазикот, истражете го регионот. Наместо да го прашувате персоналот во хотелот за препораки, појдете на локалните пазари и разговарајте со луѓе што живеат во тој реон.
Посетете мали приватни винарии и ресторани затоа што таму ќе пронајдете најсвежи продукти и ќе вкусите јадења приготвени со многу љубов.
Играјте по правилата
Локалните јадења ќе ги вкусите најдобро само ако ги консумирате, како што го прават тоа локалците. Па, ако во Италија ви велат дека не треба да ја посипувате пицата и тестенините со кечап, тогаш не правете го тоа.
Ако кафето го пијат со вода, пијте го и вие. Ако во некоја земја одредено јадење се јаде со раце, а не со виљушка, тогаш и вие јадете го така.
С. С. | Црнобело