9 тајни за авиокомпаниите кои ќе направат да патувате поевтино

Намалете на багажот, откажете се од директните летови и со тоа зголемете го бројот на километри што ќе можете да си овозможите да ги прелетате во животот.

9-tajni-za-aviokompaniite-koi-kje-napravat-da-patuvate-poevtino-01.jpg

Голем дел од парите за патувања се трошат на летовите.

Но, со добро планирање и внимателно носење на одлуки можете да ги користите услугите на авиокомпаниите за навистина мали суми.

Неколку трикови за заштеда при патувањето со авион:

Пронаоѓање на совршените билети

Најлесниот начин на заштеда е да направите споредба на цените на повеќе авиокомпании до вашата дестинација и, се разбира, да го одберете најевтиниот билет.

Внимавајте одредени цени важат до точно определено време, па ако го преминете рокот, тогаш обидете се да ја посетите верзијата од сајтот за некоја друга земја, што е во друга временска зона. Променете го јазикот и искористете ја продажбата.

9-tajni-za-aviokompaniite-koi-kje-napravat-da-patuvate-poevtino-02.jpg

Цена за патување со авион иста како цена за патување со автобус

Тарифите на обичните компании најчесто вклучуваат билети „all inclusive“, додека нискобуџетните компании ви нудат и опција само летање со рачен багаж по многу ниска цена. Секоја дополнителна опција се плаќа дополнително.

Цените во овие компании понекогаш се пониски дури и од цените за патување со автобус. Условите нормално се поскромни отколку во обичните авиокомпании.

Само внимавајте дополнителните трошоци може да бидат големи. Најдобро е сè што сакате дополнително, однапред да платите преку нивната веб страница.

9-tajni-za-aviokompaniite-koi-kje-napravat-da-patuvate-poevtino-03.jpg

Посетете го веб сајтот на аеродромот на кој ќе слетате

Добро би било да го отворите веб сајтот на аеродромот на кој ќе слетате. Ќе откриете што може да добиете бесплатно.

На пример, аеродромот во Сингапур им нуди бесплатна тура на градот на патниците кои транзитираат тука. Аеродромот во Амстердам располага со огромна бесплатна книжарница со комфорни столчиња. На аеродромите често има и разни промоции и примамливи продажби.

Исто така, може да откриете некои нискобуџетни компании, кои не се многу популарни, па потоа да побарате на Google поконкретни информации за нив за во иднина.

На сајтот ќе најдете и мапи на летови.

9-tajni-za-aviokompaniite-koi-kje-napravat-da-patuvate-poevtino-04.jpg

Изберете подолга рута, наместо директен лет

Изберете рута со трансфер. Тие најчесто се поевтини од директните лет. Проверете и дали има можност за бесплатен престој во земјата каде транзитирате.

Додека го чекате наредниот лет за вашата дестинација, можете да го истражите и градот каде слетавте, да појдете на пешачка тура, да се почестите со некој локален специјалитет итн.

9-tajni-za-aviokompaniite-koi-kje-napravat-da-patuvate-poevtino-06.jpg

Чартер летовите нудат интересни дестинации и цени

Чартер летовите најчесто ги нудат туристичките агенции, но понекогаш тие не успеваат да ги продадат аранжманите, а во авионот има места, па ги продаваат по 20-50% пониски цени.

Чартер летовите понекогаш ќе ве однесат на интересни дестинации до кои нема обични летови. Негативна работа е само тоа што може да ви откажат во последен миг.

9-tajni-za-aviokompaniite-koi-kje-napravat-da-patuvate-poevtino-07.jpg

Летовите може да бидат платени со бонус километри

Многу авиокомпании ви нудат собирање на километри со нивните летови, па по некое време да соберете доволно и да имате бесплатен лет.

Дури и некои сајтови за патување од типот на Tripadvisor ви нудат екстра километри за да ве охрабрат да напишете критика за патувањата.

9-tajni-za-aviokompaniite-koi-kje-napravat-da-patuvate-poevtino-05.jpg

Враќање со поинаква рута

Враќањето по поинаква рута по правило е поевтино, а и позабавно.

Направете комбинација на поевтини летови, па ако треба направете и кусо патување со автобус притоа.

9-tajni-za-aviokompaniite-koi-kje-napravat-da-patuvate-poevtino-08.jpg

Уловете ги „грешките“

Се случува ќе наидете на цена на билети толку ниска, што ви изгледа дури како грешка. Тоа можеби и навистина е грешка, но нема време за медитација, купете го билетот веднаш.

Ако често прегледувате, ќе забележите дека вакви цени се појавуваат од време навреме.

Искористете го надоместокот за презакажан лет

Авиокомпаниите понекогаш продаваат билети повеќе од што авионот може да собере затоа што често се случуваат откажувања. Но, ако сите потврдат, тогаш компанијата бара волонтери кои би се повлекле од тоа патување.

Согласете се да бидете волонтер затоа што ќе летате без проблем со наредниот лет, плус ќе добиете ваучер за летање како компензација. Понекогаш ваучерот може да биде и за некој хотел и ресторан, но во секој случај не е лошо.

Ова особено се случува во време на празници и фестивали.

9-tajni-za-aviokompaniite-koi-kje-napravat-da-patuvate-poevtino-10.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg